ЗА НАС

АДОРА
ЗА НАС
Темелите на Адора
Темелите на Адора, како бизнис иницијатива на семејството Чифлиганец, се поставени во 1992 година со основањето на првата приватна аптека во Радовиш и веледрогерија, од фармацевтот Данка Чифлиганец. Адора фармација успешно работеше една деценија.
Кога пазарната економија во Македонија отвори нови бизнис можности, поаѓајќи од природниот градителски ген, богатото искуство, остроумниот бизнис сенс и јасната визија, потврдениот стопанственик и општествен деец, проф. д-р Ванчо Чифлиганец започна да работи во градежништвото, со фокус на високата градба. Во 2022 година е основана Адора инженеринг.
НАШ
Историјат
ОСНОВАЊЕ И РАЗВОЈ
Само делата се вистина е мотото, под кое проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по успешната менаџерска, професорска и општествено корисна кариера, на 28 август 2022 година ја основа градежната компанија Адора инженеринг.
Православниот празник Голема Богородица е роденден и патрон-заштитник на компанијата.
Адора се етаблира во една од најбрзорастечките и најуспешни компании, во 2012 година таа е 12-та најуспешна компанија во Македонија според Централниот регистар. Израсна во синоним стабилна, висококвалитетна, еко градба, пионер во воведување на најновите стандарди, трендови и иновации во изградба на првите енергетски ефикасни, штедливи домови со звучна изолација далеку над македонските стандарди, со современ дизајн и стил во духот на светската урбана архитектура.
Со потпирот на Адора се 40 изградени репрезентативни станбено-деловни објекти во Македонија, Србија и Грција, со вкупна површина од 400.000 m², во кои се инвестирани над 415 милиони евра. Над 3000-те домови во „Адориниот град“ се дело на над 500 вработени, во кои среќно живеат и работат 13.000 граѓани.

Адора, бизнис делувањето го диверзифицира во банкарско – финанискиот сектор, акционерството во реномирани компании во Македонија и на глобално ниво, енергетиката и други економски дејности на различни географски подрачја.
Компанијата, која прерасна во Адора Бизнис Групација, има добиено 60 интернационални и државни награди, позната е по општествено одговорната традиција во меѓународни рамки, за што има вложени над 5 милиони евра, многу љубов и хуманост во изградба на порамноправен и посреќен свет за сите.
Мисија
Во примарната градежна дејност, нудиме најквалитетни високи градби кои во целост ги задоволуваат потребите на клиентите со комплетна услуга „клуч на рака“, почитување на договорените рокови и примена на современите стандарди и технологии. Со изградба на објекти за сигурно, комфорно и економично домување и работење, со долготочни придобивки за купувачите и животната средина, наша цел е да дадеме придонес во унапредување на пазарот на недвижностите на национално, регионално и меѓународно ниво.
И во останатите сфери кадешто делуваме, како банкарство, енергетика, филантропија и други, во Македонија и во глобални рамки, наш приоритет е да креираме успешни, одржливи приказни за доброто на групацијата, вработените, економијата и општеството во целина.

Визија
Преку постојано унапредување на работењето со следење и примена на иновативните решенија и последните достигнувања на урбаната архитектура, наша цел е пазарот на недвижности да го подигнеме на повисоко ниво и купувачите да добијат трајна вредност, како најисплатлива инвестиција за повеќе генерации.
Флексибилни на променливите прилики и предизвици на новото време, секогаш сме отворени за мудро проширување на нашето бизнис портфолио со нови диверзифицирани дејности во матичната држава, Балканот, Европа и светот.
Водени од глобалните достигнувања и најнови трендови, наша визија е универзалните цивилизациски придобивки да ги донесеме на национално и локално ниво во средините кадешто делуваме.