НАГРАДИ

МЕѓУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ
НАГРАДИ
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Адора е меѓу најнаградуваните компании во Македонија со над 100-тина интернационални и национални признанија. Меѓународното реноме на компанијата е потврдено со 10 престижни интернационални награди и признанија, доделени во Амстердам, Монте Карло, Париз, Мадрид, Белград, Златибор, Дубровник и Виена од авторитетни светски асоцијации, организации и еминентни фондации. Компанијата има добиено повеќе од 50 национални награди, признанија, сертификати, ордени, плакети и благодарници.
Наградите за нас се валоризација на успесите на Адора на национално и меѓународо ниво, сатисфакција дека сме на вистинскиот пат, мотивација и поттик за нови успеси, да продолжиме со иновативниот пристап во иднина, како и со хуманитарните и општествено корисни активности на полето на филантропијата, без граници.


МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
- Благодарница од Фондацијата Новак Ѓоковиќ за соработка со Adora Business Group и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на проект за изградба на детска градинка во Љубиш, Златибор, Србија, 2021.
- „Дама на годината за д-р Драгана Д. Чифлиганец“ за иновативност во домувањето и за филантропија на 12 манифестација за избор на дама и џентлмен на годината, Белград, Србија 2020.
- „40 под 40“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец, дел од бизнис елитата на млади, водечки бизнис лидери од Југоисточна Европа, доделена од Bussines Elite Awards, Амстердам, Холандија, 2019.
- „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, од Меѓународен економски форум Перспективи, Дубровник, Хрватска, 2019.


- Златен медал за квалитет за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, од Светската маркетинг организација, Амстердам, Холандија, 2018.
- Награда The BIZZ 2016, за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето, од Светската бизнис конфедерација, Монте Карло, Монако, 2016.
- Европска награда за квалитет, од Клубот на светски бизнис лидери, Париз, Франција, 2014.
- Меѓународна награда за градежништво, од Клубот на светски бизнис лидери, Мадрид, Шпанија, 2014.
- Награди за Адора инженеринг за најдобра компанија во Европа и за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за најуспешен менаџер од Македонија, од Европската бизнис асамблеја, кралска палата Хофбурн, Австрија, 2012.
НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
- „Исклучителен придонес во иновативниот развој и интернационалната афирмација“ за Душко Чифлиганец од Битолски весник, Битола, 2021.
- Награда 6 Ноември за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од Општина Радовиш по повод Денот на ослободувањето на градот. За особен придонес во развојот на Радовиш и несебична поддршка на радовишани, Радовиш, 2020.
- „Бизнис лидерство и филантропија“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец на 20 манифестација „Оскари за најуспешните битолчани“, за истакнати и заслужни поединци од Македонија, Битолски весник, Битола, 2020.
- Плакета „Личност на годината во 2019“ за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за посебен придонес за развојот на Источниот регион и на Македонија, од Здружението на новинари на Македонија – ИСТОК, 2020.
- Најдобра општествено одговорна практика за заштита на животната средина „Со традиционално неимарство до здрав современ дом заштитен од бучава“, од Министерството за економија на Македонија, Скопје, 2019.


- Предводник во остварувањето на целите за одржлив развој, од ООН, проект поддржан од Европската Унија и УНИЦЕФ, Скопје, 2019.
- „Македонски квалитет“, од претседателот на Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, Скопје, 2018.
- 2 награди Инвеститор на годината на меѓународен саем за недвижности Скопје, 2011/ 2012.
- Прв градежен супербренд во Македонија, избран за 2013/2014.
- Животно дело за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Бест Бренд, Битола, 2015.
- Најуспешен млад менаџер во 2018 за Душко Чифлиганец, „Мажи на годината во Македонија“, Скопје, 2018.
- Награда за Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за општествена одговорност за 2017 на манифестација „Битолски оскари“, 2018.
- Најпопуларна компанија во градежништвото во Македонија. Избор на манифестацијата „Најпопуларни за 2014“.
- Индивидуален филантроп во Македонија, награда за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од ЦИР-а, Скопје, 2013.
- Свети Климентов орден од прв ред за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, од МПЦ- ОА за ктиторство на православниот храм Св. Јован Крстител, Скопје, 2014.
- 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за македонските претпријатија од министерство за економија, Скопје, 2010 - 2019.
- Награда за корпоративна филантропија за Адора од ЦИР-а, Скопје, 2012.
- Благодарница од Македонската академија на науките и уметностите за плодна и успешна соработка, по пвод 50 години јубилеј МАНУ, Скопје, 2017.
- Награда „Дама во градежништвото“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец на меѓународен саем за градежништво и недвижности, Скопје, 2014.
- Сертификати за: Коректна фирма за одлична репутација во бизнисот и коректност во односите со клиентите и партнерите, Добар бренд за поддршка на социјалното претприемништво во Македонија, 2017 и други.
- Голем број плакети и благодарници во сферата на бизнисот, заштита на животната средина, поддршка на заедницата, хуманитарни и солидарни проекти, акции за помош на ранливите категории граѓани, поддршка на поединци, манифестации, образование, наука, спорт, култура, уметност...
