БИЗНИС ПОРТФОЛИО

ДИВЕРЗИФИЦИРАНО
БИЗНИС ПОРТФОЛИО
БИЗНИС И ГЕОГРАФСКА
ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
Покрај примарната дејност во градежниот сектор – висока градба, со проектирање, инвестирање, изградба и продажба на недвижности во Македонија и меѓународни рамки, истражувајќи други полиња за бизнис иницијативи, Адора изврши деловна диверзификација и во други економски и географски сфери:
Банкарско-финансиски сектор, акционерска сопственост во реномирани компании во Македонија и на интернационалните пазари, фармацевтска индустрија, енергетски сектор, компании за управување и тековно одржување на станбено-деловни и хотелски комплекси, нудење гостопримливи услуги за комплетно уживање и комфор на сопствениците и посетителите во објектите.


БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
ГРАДЕЖНИШТВО
Адора инженеринг е градежна компанија со основна дејност висока градба, со која се занимава од основањето во 2002 година до денес и е нејзин препознатлив днк код. Таа израсна во лидер и синоним за стабилни, висококвалитетни, еко градби, пионер во воведувањето на најновите стандарди, трендови и иновации во градежната индустрија.
Македонија. Изградени се 40 репрезентативни објекти со вкупна површина од 400.000 m². Во 3.000 домови и стотици деловни простории, среќно живеат и работат над 13.000 граѓани, еднакво на еден македонски град.
Србија. Во срцето на златиборските шуми, Adora Living Solutions го изгради хотелско – резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, со најубав панорамски поглед и современ концепт за брз поврат на вложените пари на сопствениците.
Грција. Во заштитена зона во строгиот центар на Солун се реконструира станбено-деловна зграда до познатата улица „Цимитски“ и солунското пристаниште. На Егејското Море се изградени луксузни вили над плажата Криопиги, Халкидики и Бутик комплексот B&D на островот Тасос и една од најубавите плажи Голден Бич.


БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
БАНКАРСТВО
Во 2018 година, Адора инженеринг стана најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, купувајќи акционерски удели со сопствени средства преку берзански трансакции. Адора поседува 14,99 % од капиталот на банката. Основачот и генерален директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на Комерцијална банка, тело кое согласно статутот, ги насочува севкупните политики на банката. Влегувањето во банкарскиот сектор е со цел да се обезбеди развој на Адора, како и етаблирање на единствениот македонски банкарски бренд со целосно домашен капитал, на челната позиција во финансиско-банкарската сфера во Македонија.
Адора инженеринг има акционерски удел и во НЛБ Банка.
Со акционерска сопственост во овие значајни банкарски институции, Адора дава придонес во креирањето на монетарната стабилност на Македонија.
БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
АКЦИОНЕРСТВО
Адора инженеринг има акционерски удели и во реномирани, успешни компании во Македонија и на интернационалните пазари, со купување на хартии од вредност преку берзанско тргување.
Македонија.
Освен во банкарско-финансискиот сектор, Адора е акционер и во дел од водечките, најзначајни компании во економијата во Македонија од различни дејности. Меѓу нив се познати, докажани брендови во областа на телекомуникациските услуги, енергетскиот сектор, индустријата за производство на пијалаци, фармацијата како Македонски телеком АД, Макпетрол АД Скопје, Прилепска Пиварница, Алкалоид и други.
Свет.
Адора бизнис групацијата поседува хартии од вредност и во компании на интернационално ниво. Препознавајќи ги и користејќи ги можностите на современото време и отвореноста на светската економија за инвестирање во брзорастечки, етаблирани брендови на различни континенти, со дигиталната глобализација и модерните комуникации, Адора тргува со хартии од вредност и на светските берзи.


БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР
Во 2021 година формирана е компанијата Adora Energy Solutions, посебен правен ентитет под капата на Адора Бизнис Групацијата, со делокруг на работа во сферата на енергетскиот бизнис, по купувањето на дел од имотот на Топлификација АД во стечај, од страна на Адора инженеринг. Со купувањето на транспарентна јавна лицитација на топланите Исток и Запад, капацитети за производство на топлинска енергија и останати објекти и имот, идејата беше како и во другите сфери каде е присутен брендот, да го унапреди и да внесе иновативност, проактивност и прогресија во регулираниот бизнис со топлинска енергија, што е од државно значење и од огромна важност за екологијата и за целокупниот комфор на живеење на граѓаните во Скопје.
Топланите Исток и Запад и другите придружни објекти сопственост на Адора се клучни во системот на производство и испорака на градско централно греење во главниот град на Македонија.
БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
ХОСПИТАЛИТИ И ФАСИЛИТИ
Во 2018 година е основана Adora Facility Management, со лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради. Целта на компанијата под капата на брендот Адора е да понуди современ концепт на управување, тековно одржување, заштита и зголемување на вредноста на недвижностите во Македонија, со акцент на адекватно одржување и управување со ултра квалитетните обекти Адора Flatiron и Адора Diamond Garden, препознатливи урбани симболи на главниот град Скопје.
За успешна реализација на концептот „инвестициски апартмани“ во хотелско-резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, во Србија е формирана компанијата Adora Hospitality Group, за управување со системот на тековно одржување и издавањето на апартманите, во име и во корист на нивните сопственици. Со висококвалитетен менаџмент, професионален систем и сервис за комплетно одржување на целиот комплекс, целта е да се обезбеди висока конкурентност на овој своевиден хотелски концепт, кој според стандардите е ставен во категоријата 4 +****.


БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
ФАРМАЦИЈА
Адора фармација е првата компанија во сопственост на семејството Чифлиганец, со која се поставени темелите на приватната бизнис иницијатива и успешните стопански приказни на брендот Адора во Македонија и на интернационалната бизнис сцена.
Во фармацевтскиот бизнис семејството Чифлиганец влегува во 1992 година, со основање на првата приватна аптека во родниот град Радовиш, која потоа прерасна во веледрогерија предводена од фармацевтот Данка Чифлиганец, специјалист за контрола на лекови. Адора фармација успешно работеше една деценија. Во 2002 година, прилагодувајќи се на новите транзициски услови, побарувачката на пазарот и развојот на други економски можности, Адора се фокусира на градежништвото.
Адора инженеринг има акционерски капитал во Алкалоид АД Скопје, компанија која девет децении е лидер во фармацевтска индустрија и една од најуспешните компании во Македонија, со интернационална репутација и застапеност во повеќе држави во Европа и светот.
БИЗНИС ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ
Со бизнис и географската диверзификација, во 2021 година сите компании со префиксот Адора, се групираа во Адора Бизнис Групација.
Adora Business Group е заедничка капа, компанија мајка, во чии рамки делува брендот Адора во различни економски области и географски подрачја. Целта е да биде препознатлив бизнисот кој го водат сродните компании, членки на групацијата во Македонија и на меѓународно ниво и тие да се идентификуваат со основните премиси кои се синоним за Адора.
Флексибилни на новите прилики и неизвесности, храбро и амбициозно го прифаќаме новото време и се соочуваме со сите предизвици, што за нас се поттик за повторно докажување и натпреварување. Водени од визијата каде и да инвестираме и делуваме, наши приоритети да се посветената работа, иновативноста и мудрите, визионерски одлуки, наша цел е и натаму да бидеме предводници на одржливиот развој, економскиот и општествен просперитет, за доброто на сите.
И во иднина, напред во работата и филантропијата ќе не води нашето препознатливо и моќно корпоративно мото Само делата се вистина.
