ИНОВАЦИИ И КВАЛИТЕТ

НИЕ СОЗДАВАМЕ

КВАЛИТЕТ

ПИОНЕР

ЛИДЕР ВО ИНОВАЦИИ

Адора е синоним за врвен квалитет, лидер и предводник во воведувањето на најновите стандарди, трендови и иновативни решенија, според последните достигнувања на макро ниво, со примена во микро средините кадешто делува. Целта е континуирано да го подигнуваме нивото на стандардите и да ги  помесуваме нагоре границите на квалитетот на понудените производи и услуги, а  граѓаните на Македонија и регионот да уживаат во придобивките на цивилизациските дострели на современиот развиен свет.

Adora Flatiron Skopje by night koregiran

ПРВИ СМЕ

ДОКАЖАНА СТАБИЛНОСТ СО ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС

Адора е првата компанија која со тест – вештачки земјотрес научно и практично ја докажа врвната сеизмичка стабилност на станбените згради во самостојна и независна Македонија. Првиот вештачки потрес беше успешно реализиран 2013 година на десеткатница во модерниот комплекс Адора во Ново Лисиче, Општина Аеродром, по повод 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес. Вештачкиот земјотрес со јачина од 5 степени по Европската макросеизмичка скала, организиран во соработка со меѓународно реномираниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ( ИЗИИС ), не предизвика никакви оштетувања на зградата и  проследен беше со огромен интерес во јавноста и медиумите.

Унифицираната висока сеизмичка стабилност на зградите на Адора (од 80 до 105 МPa) се должи на дебелата темелна плоча (до 155 cm) висок процент и цврстина на бетон (35-50 МБ) висок процент на железо и арматура.  

Станбените и деловни објекти на Адора, гарантираат сигурен дом, мирен сон и спокоен живот, без страв од земјотреси. 

ПРВИ СМЕ

ДОМОВИ СО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ А КЛАСА

Адора е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во регионот, што компанијата започна да ги гради во 2006  година, без обврска за тоа, уште кога оваа област не беше законски регулирана во Македонија. Компанијата го изгради првиот официјално сертифициран енергетски ефикасен објект за колективно домување „Парк 1“ во Општина Аеродром Скопје, кој го доби првиот издаден сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа во Македонија, енергетски пасош со број 001.
Континуираното подобрувањето на енергетската ефикасност со секој новоизграден објект е долгорочен проект и стратешки пристап на Адора. Потврда за тоа е добиениот енергетски сертификат за последниот изграден станбен објект во Општина Аеродром Скопје со показател од 19,33 kWh/m²a, што е за околу 6 мерни единици над горната пропишана граница за енергетска А-класа.

Енергетски ефикасните домови на Адора овозможуваат здраво и економично домување со значително пониски трошоци и сметки за греење и ладење, споредено со поранешните станбени згради.

ПРВИ СМЕ

ФОТОВОЛТАИЦИ И ОРГАНСКА ФАСАДА НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

Адора прва во колективното станбено домување во Македонија ги воведе фотоволтаичните системи на соларни колектори, со користењето на обновливите извори на енергија, за осветлување на заедничките делови во објектите и за ноќна илуминација. За ова осветлување станарите не добиваат посебни сметки за електрична енергија, а објектите се независни од електро системите и за јавно осветлување и енергетските компании. Ова е особено важно во време на глобална енергетска криза, потребата за штедење енергија и минимизирање потрошувачката на електроенергија. 

Адора е првата градежна компанија во Македонија која маркантниот урбан симбол во срцето на главниот град, елитниот станбено-деловен комплекс  Адора Flatiron Скопје го обложи со органска фасада што дише од светски реномиран производител на фасади со иновативни технологии. Органска фасада со врвен квалитет, издржливост и гаранција за трајност има и станбено-деловниот објект  Адора Diamond Garden во Скопје.

ПРВИ СМЕ

ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА ДАЛЕКУ НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТАНДАРДИ

Адора прва во Македонија, во своите бренд објекти Адора Flatiron и Адора Diamond Garden во Скопје воведе систем на одлична звучна изолација до 53 db, измерен индекс за намалување на звукот R’w=53 db. За прв пат во Македонија е верифицирана звучната изолација со сертификат за акустични својства. Со звучна изолација далеку над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, на станарите им се гарантира мирен дом за спокоен и здрав живот, имун на бучните соседи и градската врева во фрекфентни урбани зони, заштитен од „звучно загадување“.
Специјално за последниот изграден станбен објект на Адора во Македонија „Аеродром Црква 3“, нашиот инженерски тим креира нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички ходник. Резултатите од мерењето  покажаа вредност на воздушната звучна изолација од R`=54,1 (dB) и вредност на нормализирано ниво на ударен звучен притисок од L’n = 56,5 – 57,5 (dB),  параметри кои ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбени објекти.

ПРВИ СМЕ

ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН

Иновациите во концептот и постојаното подобрување на квалитетот, стилот и дизајнот, во функција на позадоволни клиенти, е наш приоритет. Адора секогаш е неколку чекори пред прописите и стандардите.

Водени од идејата на граѓаните да им го понудиме најдоброто домување,  посебно внимание изминативе години посветивме на осовременување и облагородување на ентериерот за хумано домување, каде чувството на дом излегува од ѕидовите на станот, почнувајќи од надворешноста на објектот. Последните станбено-деловни објекти на Адора зрачат со уникатен дизајнерски израз, според најновите трендови на урбаната архитектура. Атриуми со природна светлина и автентичен декор со тони живописни растенија, филигрански обработени подови и ѕидови, елементи од природни материјали во хармонија со модерна ентериерска галантерија и урбана опрема се само дел од атрибутите на зградите by Adora.

Нашите градби во Скопје, Македонија и Солун, Грција, нудат врвно урбано домување и бизнис, комплексот на Златибор е создаден за планински хедонизам, а капацитетите на бреговите на Егејското Море во Грција гарантираат еко релаксација со сите сетила.