РЕАЛИЗИРАНИ

АДОРА

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

АВТЕНТИЧЕН АПАРТ ХОТЕЛ-ПИОНЕРСКИ ПРОЕКТ ВО СРБИЈА

21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness

Комплетниот концепт е дизајниран по принципот на автентичен апарт хотел кој комбинира сместување во комфорни, модерно опремени апартмани, со изобилство на хотелски содржини и услуги кои ги нудат конвенционалните хотели на пазарот. Ова уникатно авторско дело е флуиден спој од дизајн стилови како mid century modern, contemporary и industrial style, art deco, jazz elegance, надополнети со современи уметнички дела од акварел, мурали со ексцентрични мотиви и други внимателно осмислени детали.

Ресторанот Gatsby на гостите и посетителите им нуди гастрономска поезија од кулинарски специјалитети, спа центарот и базенот со солена вода создаваат чувство Планина на море, има детско забавно катче и игротека, 24/7 рецепција со модерно лоби, паркинг, гаражи и други бутик содржини, што нашата понуда ја прават уникатна на пазарот на Златибор.

Комплексот 21st Century Zlatibor by Adora има 107 апартмани со површина од 34 м² до 105 м², меѓу кои се и раскошните пентхауси Торник, Чигота, Златар и Дрина, од кои се пружа прекрасен отворен поглед на околните природни убавини. Сите апартмани се комплетно, модерно опремени, располагаат со сопствена тераса и купатило, а пентхаусите се збогатени со дополнителни содржини за уживање: природни камини, хидромасажни кади, уникатен и дизајниран мебел.

НОВ БИЗНИС ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ - КАРПОШ

А КЛАСА СОВРЕМЕНА ДЕЛОВНА ЗГРАДА BY ADORA

Водени од иновативната корпоративна навика секогаш да унапредуваме, движејќи  напред, инспирирани од примарната деловна љубов да создаваме прекрасни недвижности, ù го вративме сјајот на уникатната деловна зграда на улица Лондонска во Скопје, некогашната Топлификација. Проектот е дел од нашата инвестиција во централното греење на главниот град, кога со купување на комплексот топлани Исток и Запад, во сопственост добивме неколку деловни згради.

Без уривање, со целосно реновирање, на атрактивна локација во Карпош-Тафталиџе, на простор од 1.850 m² и 4 ката, создадовме најсовремено опремена, пријатна, колаборативна средина, вистински актуелен модел за работно место, искреиран според потребите на вработените. Особено сме горди што преку фотонапонски соларни централи на покривот, објектот е 100 % напојуван од обновливи извори на електрична енергија.

Деловната зграда располага со најнови технологии за видео бизнис конференции и повеќе сали за состаноци со висококвалитетни аудио-визуелни медиуми за градење на виртуелна заедница. Заедничките лежерни дизајн елементи, подвижните парчиња мебел и социјалните зони за поттикнување на соработка, иновации и дружба на членовите на работниот тим, се новиот деловен амбиент на 160 вработени во една од најпрестижните ИТ компании во Македонија.

ТУРИСТИЧКИ БУТИК КОМПЛЕКС НА ТАСОС - ГРЦИЈА

B&D LUXURY SUITES

Туристичкиот комплекс B&D LUXURY SUITES во 2021 година е изграден на исклучително атрактивна локација за одмор на источната страна на зелениот остров Тасос, во Скала Потамиа, на само 2 минути пеш од Голден бич, една од најубавите плажи во Грција. Капацитетот е 250 km оддалечен  од Солун, лесно достапен со развиена инфраструктура, автопатишта и редовна линија со ферибот. Сместен во прекрасна еколошки чиста природа, бутук компеклсот B&D нуди луксузно сместување и релаксација во 12 комплетно, современо опремени апартмани, со можност за сместување од 2 до 6 лица, со рецепција, кујни, спални соби, бањи, тераси, детско катче и сопствен двор со отворен базен за деца и возрасни.

Апартманите имаат поглед кон борова шума и маслинови дрвја, а гостите, со 2 минути пешачење можат да уживаат на песочните плажи и во кристалните води на Егејското Море, на ултра популарната двекилометарска плажа Голден бич.

ЛУКСУЗНИ ВИЛИ КРИОПИГИ

ХАЛКИДИКИ – ГРЦИЈА

Комплексот луксузни вили во Криопиги е израден 2020 година, над прекрасната плажа во ова питоресктно туристичко гратче, сместено во средината на источниот брег на Касандра, првиот крак  на полуостровот Халкидики, Грција. Четирите комфорни вили-мазонетки со приземје и два ката, располагаат со модерни, комфорни и функционални апартмани, кујни, опремени бањи, спални и соби за престој, тераси, голем двор и пристапна улица со контролиран влез. Квалитетните, префинети вили се на само 6 минути пеш од плажата Криопиги. Амфитеатралната поставеност нуди отворен поглед од вилите кон Егејското Море, зелените борови шуми и маслиновите насади. Вилите во еколошки чиста природа, далеку од градската врева, нудат идеални услови за релаксација, рекреација и уживање преку целата година, со можност за капење во кристално бистрото, топло море од мај до октомври. Пријатното Криопиги кое е едно од ретките туристички места што локално живее во сите годишни сезони, е на 100 km оддалеченост, или 1 час возење од градот Солун.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ЦРКВА 3

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 26 во срцето на општина Аеродром, до православниот храм Свети Илија, меѓународната автобуска и железничка станица, само 10 минути пеш од главниот плоштад во Скопје. Станбениот објект на 10 ката со 2 влеза, има вкупна изградена површина од 10.900 m², 174 висококвалитетни, функционални станови и сопствени паркиралишта, хортикултурно уредена околина со тревен парк, дрвја и клупи за одмор. Енергетски ефикасниот објект А класа, што е завршен со изградба во октомври 2019 година, е награден за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом заштитен од бучава“.

Најголема внатрешна градина во Европа

АДОРА DIAMOND GARDEN

Лоциран е на ул. „Московска“ бр. 17 А, во популарната урбана населба Тафталиџе, Општина Карпош, во главниот град Скопје. Грациозната, зелена Македонска дијамантска градина има вкупна изградена површина од 12.600 m², ексклузивни станови и пентхауси, луксузни деловни простории и модерни паркиралишта. Објектот, прогласен за најголема внатрешна градина, го донесе растечкиот тренд на зеленото домување во Македонија и boutique концептот на недвижности во Југоисточна Европа. Diamond Garden by Адора е завршен со изградба во август 2018 година.

Нов урбан симбол во центарот на Скопје

АДОРА FLATIRON

Лоциран е на бул. „Борис Трајковски“ бр. 1 во месноста Стара Рампа, Општина Кисела Вода, во централното, фрекфентно, урбано подрачје на главнит град Скопје. Грандиозниот станбено-деловен комплекс Flatiron by Адора е со височина од 60 метри, има вкупна изградена површина од 29.200 m², ексклузивни станови и пентхауси, луксузни деловни простории и модерни паркиралишта. Објектот кој го донесе урбаниот дух на Њујорк и еден нов, повисок стил на домување по светските стандарди, стана нов препознатлив симбол на Скопје. Завршен е со изградба во декември 2017 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

КРУЖЕН ТЕК

Лоциран е на ул. „Вангел Тодоровски“ бр. 5, во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“, во срцето на современата Општина Аеродром со развиена инфраструктура, до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Модерниот станбено-деловниот објект на десет ката е со вкупна изградена површина од 10.100 m², има 120 модерни висококвалитетни, функционални станови, атрактивни деловни простории и сопствени паркиралишта. Енергетски ефикасниот објект А-класа, оплеменет со зелен парк, е завршен со изградба во 2017 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ЦРКВА 2

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 21, во близина на православниот храм Свети Илија, во срцето на модерната Општина Аеродром, непосредно до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбениот објект на 10 ката е со вкупна изградена површина од 8.500 m², има 120 модерни висококвалитетни, функционални станови и сопствени паркиралишта. Овој енергетски ефикасен објект А-класа, со изградба е завршен во 2016 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ГРАДИНКА

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 9, во срцето на модерната Општина Аеродром, непосредно до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбено-деловниот објект на 10 ката е со вкупна изградена површина од 8.300 m², има 120 модерни висококвалитетни, функционални станови и сопствени паркиралишта. Овој енергетски ефикасен објект А-класа, оплеменет со зелен парк, со изградба е завршен во 2016 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ПАРК 3

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 6, во срцето на модерната Општина Аеродром со развиена инфраструктура, до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбено-деловниот објект на десет ката е со вкупна изградена површина од 6.210 m², има 75 модерни висококвалитетни, функционални станови, атрактивни деловни простории и сопствени паркиралишта. Енергетски ефикасниот објект А-класа, оплеменет со зелен парк, е завршен со изградба во 2016 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ПАРК 2

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 8, во срцето на модерната Општина Аеродром со развиена инфраструктура, до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбено-деловниот објект на десет ката е со вкупна изградена површина од 6.200 m², има 75 модерни висококвалитетни, функционални станови, атрактивни деловни простории и сопствени паркиралишта. Енергетски ефикасниот објект А-класа, оплеменет со зелен парк, е завршен со изградба во 2015 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ЦРКВА 1

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 23, во близина на православниот храм Свети Илија, во срцето на модерната Општина Аеродром, непосредно до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбениот објект на 10 ката е со вкупна изградена површина од 8.305 m², има 120 модерни висококвалитетни, функционални станови и сопствени паркиралишта. Овој енергетски ефикасен објект А-класа, со изградба е завршен во 2015 година.

Комплекс Адора – Општина Аеродром

ПАРК 1

Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 10, во срцето на модерната Општина Аеродром со развиена инфраструктура, до меѓународната автобуска и железничка станица, на само 10 минути пеш од главниот градски плоштад во Скопје. Станбено-деловниот објект на десет ката е со вкупна изградена површина од 7.400 m², има 100 модерни висококвалитетни, функционални станови, атрактивни деловни простории и сопствени паркиралишта. Енергетски ефикасниот објект А-класа, оплеменет со зелен парк, е завршен со изградба во 2014 година.

Ново Лисиче - Општина Аеродром

КОМПЛЕКС АДОРА

Комплексот Адора со девет ( 9 ) модерни згради во ист, препознатлив стил, е лоциран до булевар АСНОМ, во густо населената населба Ново Лисиче, во современата општина Аеродром, Скопје. Станбено-деловните објекти се на фрекфентни, главни сообраќајни артерии на влез и излез во Скопје, од Куманово, Велес и Белград, во близина на паркот со авион, реката Вардар и православниот храм Свети Јован Крстител, донација на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Комплексот има вкупна изградена површина од 36.340 m², со 470 модерни висококвалитетни станови, 30-тина атрактивни деловни простории и голем број сопствени паркиралишта. Деветте згради на Адора до трговско-деловниот центар, се изградени од 2011 до 2015 година.

Ново Лисиче – Општина Аеродром

ТРГОВСКО - ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР

Лоциран е на ул. „Февруарски Поход“ бр. 46, населба Ново Лисиче, непосредно до комплексот со 9 ( девет ) згради на Адора, во густо населен дел од современата општина Аеродром во Скопје. Деловниот центар е на атрактивна локација, непосредно до фрекфентни, главни сообраќајни артерии на влез и излез во метрополата, од Куманово, Велес и Белград, во близина на паркот со авион, реката Вардар и православниот храм Свети Јован Крстител, донација на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Модерниот висококвалитетен трговско –деловен центар има вкупна корисна површина од околу 3.000 m² и сопствени паркиралишта, каде е сместен познатиот трговски синџир Рамстор и други дејности за задоволување на секојдневните потреби на граѓаните во овој дел на главниот град. Тровскиот центар кој Адора инженеринг го изгради заедно со ГЛИЦ ГРУП, е завршен во септември 2013 година.

Центар Скопје

ПОД ВОДНО

Лоциран е на ул. „Димче Мирчев“ бр. 20, во урбано јадро – срцето на општина Центар во главниот град Скопје, под падините на Водно, веднаш до Министерството за внатрешни работи. Елитниот станбено-деловен комплекс Под Водно има вкупна изградена површина од 17.200 m², со 143 ексклузивни, висококвалитетни, модерни, функционални станови во два влеза, ексклузивни деловни простории за различни бизнис дејности и сопствени паркиралишта. Објектот изграден по современите стандарди, со еко и звучен комфор и оплеменета околина е завршен со градба во октомври 2012 година.

БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

ОХРИД

Лоциран е на ул. „АСНОМ“ бр. 107, на атрактивна локација до надалеку прочуениот локалитет Билјанини Извори, на влезот на Националниот парк Галичица, во близина на градските плажи и марината во Охрид, најпознатиот туристичкиот центар во Македонија. Првиот енергетски ефикасен станбен објект А класа во Охрид, со препознатлив стил, докажана стабилност и ограден двор, има вкупна изградена површина од 7.500 m², 90 висококвалитетни станови и голем број сопствени подземни паркиралишта. Објектот кој ги подигна стандардите за домување во Охрид, беше завршен со изградба во јули 2012 година.

Струмица

КОМПЛЕКС ПАРК

Двата модерни станбено-деловни објекти се лоцирани на ул. „Ленинова“ бр. 103, на атрактивна, урбана, фрекфентна локација на влезот во Струмица, до градскиот парк, со поглед кон планината Беласица. Првите енергетски ефикасни колективни станбени објекти А класа во Струмица, со препознатлива архитектура, стил и озеленета околина, се со вкупна изградена површина од 13.300 m², со 134 висококвалитетни, функционални станови, ексклузивни деловни простории и модерни паркиралишта. Објектот кој ги подигна стандардите за домување во Струмица, е завршен со градба во 2011 година.

Општина Аеродром

РЕОНСКИ ЦЕНТАР

Лоциран е на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр. 2, до главните фрекфентни сообраќајници „Јане Сандански“ и „Србија“, институции и паркови во модерната општина Аеродром, Скопје. Станбено-деловниот објект е прва инвестиција од 20-те објекти кои Адора инженеринг подоцна ги реализира во Општина Аеродром, давајќи голем придонес во редефинирање на урбаната слика и во подобрување на квалитетот на живеењето. Енергетски ефикасниот А класа објект кој го воведе фотоволтаичното осветлување, е со вкупна изградена површина од околу 9.000 m², 100-тина станови, ексклузивни деловни простории и голем број паркиралишта. Објектот е завршен со градба во 2011 година.

Скопје

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Лоциран е на ул. „Црвена армија“ бр. 20 во урбаното срце на општина Ѓорче Петров, во близина на фрекфентната сообраќајница Скопје-Тетово-Охрид, бројни институции и Саат кулата, донација на Адора инженеринг. Станбено-деловниот објект е прв енергетски ефикасен објект со кој компанијата ги воведе еко домовите во државата, нудејќи поквалитетно, поекономично и поздраво домување надвор од централната зона на главниот град. Објектот со вкупна изградена површина од околу 7.400 m², 74 модерни, функционални станови, ексклузивни деловни простории и сопствени паркиралишта, завршен е со градба во 2010 година.

Црниче Скопје

ВИЛА АДОРА

Лоцирана е на ул. „Благоја Гојан“ бр. 13 A, во елитната населба Црниче, општина Кисела Вода, во една од последните зелени оази во метрополата, под падините на Водно, во чиста природа, на само 3 минути возење од строгиот центар на Скопје. Вилата со два влеза и две станбени целини, опкружена со сопствена парк шума од 6.500 m², со густ зелен еко штит, колоритен цветен парк, чист воздух, со 10 степени пониска температура од скопските жештини во лето, со поглед на Скопје како на дланка, нуди идеален спој на урбано, лесно, здраво и релаксирано домување во главниот град. Вилата, со вкупна изградена површина од над 1.700 m², со комфорни апартмани и сопствени паркиралишта, е комплетно завршена во 2017 година.

Скопје

ЧАИР

Лоциран е на ул. „Џон Кенеди“ бр. 1, на фрекфентна сообраќајница во општина Чаир, Скопје. Овој препознатлив, модерен станбено-деловен објект е познат по тоа што покрај станбениот дел, на приземниот простор тука е сместен голем, современ маркет од познатиот трговски синџир Веро, кој е најголем во овој дел од Скопје. Објектот со вкупна изградена површина од 18.000 m², има 150 функционални домови за квалитетно живеење, ексклузивни деловни простории и сопствени паркиралишта. Објектот кој е единствен каде Адора инженеринг се јавува како изведувач на градежните активности, е завршен со градба во 2007 година.

Скопје

КОМПЛЕКС 50 ДИВИЗИЈА

Комплексот со два објекти е лоциран на ул. „50 Дивизија“ бр. 34/32, општина Центар, во урбаното срце на Скопје, во непосредна близина на главниот градски плоштад, фрекфентни сообраќајници, значајни институции, паркови. Двата станбено-деловни објекти имаат вкупна изградена површина од 9.600 m², со над 80 модерни, функционални, квалитетни станови, ексклузивни деловни простории и голем број сопствени паркиралишта, со прекрасен поглед кон падините на Водно и идеални услови за урбан живот и релаксација во центарот на метрополата. Објектите се завршени со градба 2008 година.

Скопје

КАРПОШ

Првиот изграден објект на Адора инженеринг е лоциран на ул. „Орце Николов“ бр. 182 А, во срцето на општина Карпош, Скопје, во непосредна близина на градскиот парк, Зоолошката градина, фрекфентни сообраќајници и значајни институции. Станбено-деловниот објект со сопствен покриен ексклузивен базен, опколен со висок, густ зелен еко дрворед, засаден во 2006 година, стана синоним за еден нов, елитен концепт на урбано живеење и модерен, функционален стил на домување. Објектот со вкупна изградена површина од 6.300 m², со комфорни луксузни станови, ексклузини деловни простории и сопствени подземни паркиралишта, со изградба е завршен во 2.005 година.