ФОНДАЦИЈА

CSR – ФОНДАЦИЈА ЧИФЛИГАНЕЦ
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
За похуман, порамноправен и посреќен свет
ФОНДАЦИЈА ЧИФЛИГАНЕЦ
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е основана на 15 декември 2014 година од Адора инженеринг, како круна на дологогодишната корпоративна општествена одговорност и продолжение на филантропската традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството. Мисијата на фондацијата е да го поддржи и унапреди развојот на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, да организира хуманитарни и други активности, со цел да придонесе за изградба на подобар и порамноправен свет, со еднакви можности за сите граѓани без дискриминација по ниедна основа. Во 21 годишното постоење, фондацијата и Адора, за поддршка на заедницата, вложила многу труд, хуманост, љубов и средства од над 5 милиони евра.


Почитувајќи ги принципите на Глобалниот Договор и целите за одржлив развој на Организацијата на Обединетите Нации, Адора од 2012 година е активна членка на Глобалниот Договор на ООН, најголемата асоцијација на општествено одговорни компании во светот.
Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец има корени во хуманоста и солидарноста негувани во неговото скромно семејство, продолжила преку поддршката на неговото образование, за да прерасне во корпоративна навика, заштитен знак, етички, бизнис кодекс и препознатлив имиџ на Адора. Мотото дека еден човек и една компанија не постојат само за себе и за своето опкружување, дека секој во рамките на своите можности треба да им помага на другите, да ѝ возврати на заедницата и да го сподели успехот со неа, беа водилки на Адора и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во реализацијата на голем број општествено одговорни проекти.
Поддршка на младите и спортот
Покажувајќи дека хуманоста нема граници, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец како главен партнер со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, во 2021 година изградија нова, комплетно опремена, модерна детска градинка во село Љубиш, Србија. Градинката која е во близина на туристичкиот планински центар Златибор и новиот комплекс 21st Century Residence, Spa & Wellness by Adora, на децата од предучилишна возраст им нуди едукација, игра и развој во безбедна, адекватна и креативна средина. Со овој проект, како и со поддршката на Фудбалскиот Клуб Златибор, регионалниот фудбалски куп Пријателство, спортот и заедницата во Златибор, интернационалниот бренд Адора ја прошири корпоративната филозофија надвор од границите на матичната држава. Секогаш водилка е премисата дека вистинскиот успех на компаниите се мери според квалитетот на општеството што тие умеат да го создадат во средините во кои делуваат.


Донации
Православниот храм Св. Јован Крстител на Вардар во Скопје, фонтаната во паркот Кисела Вода, саат кулите во Ѓорче Петров и Струмица, Спомен обележјето Богојавление во Охрид, медицинска опрема за болници, современи помагала и школска опрема, санација на дотраениот покрив во Посебното основно училиште „Златан Сремец“, реновирана спортската сала во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, доделени стипендии на ученици, студенти и вработени, 200 хуманитарни пакети во Охрид, илјадници оброци за бездомниците во Скопје, нов дом над опожарената куќа на Трајкови во Дедино.
Една деценија Адора го поддржува Димитар Ѓорѓиев, четирикратен светски и европски првак во кик бокс, под покровителство на фондацијата е формиран Кик бокс клубот и Центарот за боречки спортови „Адора“, еден од најдобрите на Балканот. Адора е покровител на Антонио Дамјановски, најмладиот, најталентиран и најуспешен мото кроз возач, златна кацига на Македонија. Адора беше спонзор на „Охридско Лето“, на концертите на Тамара Тодевска и ДНК. Купувачите во Адора се наградени со автомобили, патувања низ светот и вредни подароци за новиот дом и семејството.