НОВО ЛИСИЧЕ
ПОНУДА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПРОДАЖБА
ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ
НОВО ЛИСИЧЕ – ОПШТИНА АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ
НОВО ЛИСИЧЕ – ОПШТИНА АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ
АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ЗА УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ И УСПЕШЕН БИЗНИС
Модерниот станбено-деловен објект Ново Лисиче 961/11 е на булевар АСНОМ бр.33, Ново Лисиче, во атрактивната општина Аеродром, Скопје, во рамките на новата современа населба со девет згради во ист препознатлив стил на Адора и новиот деловно-трговски центар Рамстор, изграден од Адора инженеринг.
Во објектот има еден слободен деловен простор, локал бр. 3 со површина од 33 m².
Објектот е меѓу булеварот „Видое Смилевски Бато“, ул. Февруарски поход и булеварот АСНОМ, на главните сообраќајни артерии за влез и излез од Скопје, од и кон Велес, Куманово и Белград, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, кејот на реката Вардар, новиот парк со авион и црквата Св. Јован Крстител, донација на фондацијата проф. Д-р Ванчо Чифлиганец.
Во овој модерен, нов дел на Скопје, со голем број жители, изразена фрекфентност, добра инфраструктура и сообраќајна поврзаност, има одлични услови за развој на успешен бизнис од различни дејности.
Деловниот простор во Ново Лисиче има сопствени паркиралишта во непосредна близина, за сопствениците и клиентите.
ВИСОК КВАЛИТЕТ · СТАБИЛНОСТ · КОМФОР ПО СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ
- Геомеханичка и асеизмичка стабилност од 80 до 105 MPa, докажана со вештачки земјотрес
- Темелна армирано-бетонска плоча до 125 cm, цврстина на бетон од 30 до 40 МБ
- Енергетска ефикасност А-класа, до 6 пати намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење
- Термоизолирана фасада со 12 cm графитен стиропор и 16 cm минерална волна за покриви
- Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло
- Фотоволтаици на сончева енергија за заедничко осветлување без сметки за струја
- Намалено емитување на CO₂ во воздухот
- Модерни паркиралишта подземни и на партер
Локација: бул. АСНОМ бр. 33, Ново Лисиче, Аеродром, Скопје
Слободен 1 деловен простор од 33 m²
Сопствени модерни паркиралишта
Со имотен лист