THESSALONIKI 21

АКТУЕЛНИ ПРОЕКТИ

THESSALONIKI 21

ГРЦИЈА

АКТУЕЛНИ ПРОЕКТИ

THESSALONIKI 21
ГРЦИЈА

„Thessaloniki 21“ е станбено деловен објект кој се реконструира во строгиот  центар на Солун, втор по големина град во Грција, кој има статус на сопрестолнина со главниот град Атина. Солун е особено привлечен град за живеење и посета, како едно од најголемите и најзначајни седишта на индустријата, транспортот, трговијата, културата и туризмот во Грција и пошироко.

Објектот е на исклучително атрактивна локација, на познатата улица „Ерму“ бр.7, во централната солунската шопинг зона со бренд бутици, кафулиња, салони и туристички агенции. Зградата е непосредно до славната улица „Цимитски“, најпосетеното и најпопуларно градско шеталиште на првата линија на морската ривиера во Солун, каде се најпознатите станбени, деловни, трговски и угостителски објекти.

Зградата „Thessaloniki 21“ е на само само 500 метри од познатото Солунско пристаниште „Лимани“, едно од најголемите пристаништа во Егејското Море.

Меѓу најзначајните атрибути на станбено-делованиот објект „Thessaloniki 21“ е што тој се наоѓа во строго заштитена зона во старото урбано јадро на Солун,  светско наследство под заштита на УНЕСКО, каде важат строги правила, прописи и критериуми за третман на градбите.

Со адекватна, висококвалитетна, стручна и префинета реконструкција, зградата  со површина од 1.000 m² , со екстериерниот изглед совршено ќе се вклопи во визурите на постојниот архитектонски амбиент во централното подрачје на Солун. Со геомеханички зацврстена стабилност и внимателно дизајнираниот ентериер, модерните апартмани со површина од 30 до 130 m², нудат атрактивни недвижности за купување за граѓаните на Грција, како и за сé позаинтересираните странци кои сакаат да имаат сопствен дом за живеење или за изнајмување во белиот, сончев Солун, еден од најпопуларните градови со пријатна медитеранска клима.