ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата, политичкиот, општествениот и јавниот живот, денес беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, најново дело на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски. […]