НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата, политичкиот, општествениот и јавниот живот, денес беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, најново дело на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски. Книгата, уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа на местото на македонската во однос на светската филантропија, преку примерот на познатиот бизнисмен и филантроп проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг, на 500 страници текст со богата илустрација, дава оригинален приказ на зачетоците, мотивите,  развојот и оставштината што овој наш современ филантроп ја остави за за општеството. Авторот Андоновски, анализирајќи ги Бил Гејтс ( основачот на „Мајкрософт“ ), Марк Закерберг ( основачот на „Фејсбук“ ) и други познати светски филантропи, во книгата истакнува дека наспроти глобалниот филантрокапитализам, нашата македонска филантропија, низ примерот на Чифлиганец, покажува еден нов феномен на повеќе „капиларни“ невидливи, филантропски дарувања за помагање на клетките и ткивото на општеството. Чифлиганец, кој многупати подвлекол дека филантропијата не се учи, туку прави, со срце и душа, за 16 години, преку Адора инженеринг и Фондацијата што го носи неговото име, за заедницата издвоил повеќе од 3,5 милиони евра. Книгата, според која темелите на филантропијата на Чифлиганец во неговите детски години се солидарноста и хуманоста на неговото скромно семејство во родното Раклиш, дава приказ на човекољубието на овој современ филантроп преку безброј хумани активности за бездомниците, социјално загрозените, болните, студентите, вработените, спортот, науката, културата, општините, граѓаните и општеството во целина. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец на промоцијата на книгата за неговата филантропија даде одговор на прашањето што треба да ни биде прозорец во животот, материјалното по кое трчаме секојдневно, или духовното кое како сенка трча по нас барајќи да бидеме почовечни, праќајќи силна порака до младите и сите генерации да се напреваруваме во правење добрина, затоа што тоа според него е највисокиот морален, човечки чин. За книгата и филантропскиот лик на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на промоцијата зборуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, Академик Владо Камбовски, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Блажо Боев, дописен член на МАНУ и авторот Венко Андоновски. Погледнете го видеото од промоцијата на книгата и документарниот филм за филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец.  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ