stan+shkoluvanje_web

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“

Под мотото ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СРЕЌНА ИДНИНА, утре, 17-ти март, 12 часот, во Американ Колеџ Скопје, на пригодна свеченост, јавно ќе биде извлечен среќниот добитник на вредната НАГРАДА ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО ДОДИПЛОМСКО ИЛИ ПОСЛЕДИПЛОМСКО ШКОЛУВАЊЕ на Американ Колеџ Скопје, во наградната игра „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“ на Адора инженеринг. Во трка за освојување на оваа атрактивна награда, што може да ја користи добитникот, членови на неговото пошироко семејство или лицето на кое ќе му биде отстапена наградата, учествуваат сите купувачи на стан и деловен простор во градежниот бренд Адора инженеринг во текот на март годинава, која  со одредени правила е организирана по повод Саемот на недвижности 2016-та, што овој месец се одржа во Скопје. Целта на традиционалните награди, изненадувања и внимение што во текот на целата година на купувачите им ги подарува Адора инженеринг е тие да добијат ПОВЕЌЕ ОД ДОМ од компанијата,  која во соработка со своите партнери како општествено одговорна компанија, години наназад се грижи за доброто на пошироката заедница и попросперитетна иднина на граѓаните, преку изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите.

stan+shkoluvanje_web

Архива