Илија Илиев, дипломиран машински инженер со 12 годишно работно искуство, е новиот технички директор на градежната компанија Адора инженеринг.
Илија Илиев, десна рака на генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец и неговото семејство, е врвен професионалец, потврден стручњак во градежната област, со досегашни успешни ангажмани на капитални објекти во Македонија и Србија. Покрај професионалните квалитети, Илиев е и личност од доверба, со високи човечки вредности, чии корени потекнуваат од Раклиш-Радовиш, што за топ менаџментот е гаранција плус, дека оваа македонска градителска приказна ќе биде успешна и во иднина.
„Ти благодарам Илија за досегашната посветеност во работата и ти посакувам и натаму да бидеш истиот како што си веќе 12 години, работејќи во Адора инженеринг. Во оваа прилика, му изразувам благодарност на Љупчо Ивановски, кој замина во пензија по 18 годишно успешното обавување на функцијата технички директор на Адора“. – порача првиот човек на Адора Бизнис Групацијата проф. д-р. Ванчо Чифлиганец на свеченото испраќање, упатувајќи здравица за среќа, здравје и натамошни успеси на Љупчо Ивановски, Илија Илиев и на сите вработени во Адора.






