carrer_expo_design2_horizontalmk

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ ЗА РАБОТА НА ПРВИОТ „КАРИЕРЕН ЕКСПО“ – 2013 ВО СКОПЈЕ

Адора Инженеринг-Скопје ќе учествува на Саемот за работа, на првиот „Кариерен експо“, што ќе се одржи во среда, на 9-ти октомври во просторот „Мала станица“ во организација на Младинскиот совет на американската амбасада во Скопје. Во рамките на оваа манифестација, на која ќе говорат познати  дипломати од земјата и странство, како и претставници на владата, меѓу 50-тината успешни компании, институции и организации, на свој штанд ќе се претстави и градежниот бренд Адора Инженеринг-Скопје. Настанот кој е од отворен карактер е наменет пред сè за младите и невработени луѓе кои сакаат да ги запознаат компаниите и можностите за остварување кариера, како и за заинтересираните граѓани кои среда, на 9-ти октомври можат да ги посетат штандовите и работилниците од 14 до 18 часот.

Учеството на Саемот за работа на „Кариерен експо“ 2013 е во рамките на општествено одговорните активности на Адора Инженеринг-Скопје.

Архива