НОВОСТИ

НОВОСТИ

КОМПЛЕКСОТ DIAMOND GARDEN BY ADORA ДОБИ ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА

КОМПЛЕКСОТ DIAMOND GARDEN BY ADORA ДОБИ ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА

Најновиот комплекс Diamond Garden by Adora, кој е во финална фаза, каде станарите ќе се вселат во јули доби сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа. Со овој документ популарно познат како „Енергетски пасош“, издаден од лиценцираната фирма Делта Проект ДОО, и официјано се верифицира одличната топлинска изолација на објектот, кој со показателот 21,07 kWh/m²a е за 4 коефициенти над горната граница за енергетска ефикасност А-класа, Сертификатот потврдува дека станарите во Diamond Garden by Adora ќе имаат неколкукратно помала потрошувачка на енергија за греење и ладење од останатите постари објекти, што ќе им ги намали трошоците и сметките за електрична енергија, а тоа ќе ја намали и емисијата на CO2 во воздухот и ќе ја заштити животната средина од загадување. Енергетскиот пасош потврдува и користење на обновливи извори на енергија во овој комплекс. Адора инженеринг, компанија пионер во изградбата и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, што е потврдено со голем број признанија, во изградбата на објектот Diamond Garden ги имплементира најквалитетените материјали и најсовремените технологии, со што го донесе светскиот тренд на зеленото домување во Македонија. Овој уникатен комплекс, кој ќе биде најголемата внатрешна урбана градина во Југоисточна Европа, го воведе Boutique Real Estate во Македонија, со што и нашите граѓани ќе ги уживаат последните стандарди и трендови на урбаната архитектура на светско ниво.  

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ