НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДНК СО СПОТ СНИМЕН ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА ВО ЗЛАТИБОР ЗА НОВАТА ПЕСНА „АМАЈЛИЈА“

ДНК СО СПОТ СНИМЕН ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА ВО ЗЛАТИБОР ЗА НОВАТА ПЕСНА „АМАЈЛИЈА“

Популарното дуо ДНК, на сите музички и социјални платформи синоќа, ја објави најновата песна, преку импресивен видео спот, кој Панчо, Андреј и Теа Трајковска го снимија во 21st Century by Adora, еден од најубавите хотели и омилено место за престој на Златибор. „Амајлија“ изгледа и звучи магично моќно во престижниот бутик хотел на градежниот бренд Adora Business Group, кој работи со полна пареа, симболизирајќи ја успешната македонска бизнис приказна Адора во Србија.

„Снимањето на спотот се одвиваше на Златибор, во извонредниот хотел кој го изградија нашите пријатели од Адора. И, да бидеме искрени, полесен спот до сега не сме снимиле. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи сè што побаравме од нив, тие ни го овозможија. Не радува што познати македонски брендови успешно се шират и го потврдуваат својот квалитет и надвор од нашите граници, оставајќи силен и достоинствен печат во регионот, со што се развива и шири и нашата музичка култура“, изјавија момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои во спотот се во придружба на атрактивната колешка Теа Трајковска, што плени со нејзината убавина и младост.

Импресивни се кадрите во 21st Century Zlatibor, кои ги доловуваат префинетите дизајнерски елементи во ентериерот и екстериерот на хотелот на Адора, што визуелно го оплеменуваат музичкиот спот за песната со симболично и впечатливо име „Амајлија“. Адора долги години го поддржува бендот ДНК, со кого ги поврзува иста, 22 годишна возраст и желбата за негување на македонската музика и култура, како дел од општествено одговорниот код на оваа докажана македонска компанија со интернационална репутација. Автори на „Амајлија“ се Панчо и Лазар Цветкоски, а режисер на спотот кој покрај хотелот на Адора, е снимен и на живописните падини на Златибор, е Даниел Јовески. Погледнете го спотот за „Амајлија“ на линкот: https://youtu.be/in8uE04ZXN0?si=6YQMGLw5CKr5xily , кој веруваме дека ќе стане уште еден безвременски хит на ДНК.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ