НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора Бизнис Групација со успешно учество на Real Expo 2026

Адора Бизнис Групација со успешно учество на Real Expo 2026

Адора Бизнис Групација учествуваше на саемот за недвижности Real Expo 2026, кој се одржа од 29 до 31 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во текот на трите саемски дена, нашиот штанд беше место за средби, разговори и размена на идеи со бројните посетители, соработници и гости кои покажаа интерес за актуелните и идните проекти на Адора Бизнис Групација.

Пред посетителите ги претставивме нашите проекти и инвестициски можности – од Порта Скопје by Adora, нашиот актуелен значаен проект во центарот на Скопје, преку станбените комплекси покрај море во Грција, до новиот станбено-деловен објект во Љубљана и туристичко-инвестицискиот комплекс на Златибор.

Непосредните средби и разговори беа можност да ги споделиме нашите визии, да размениме искуства и да ги слушнеме потребите и очекувањата на купувачите и инвеститорите. Токму ваквите средби се важен поттик за натамошен развој и создавање вредности кои траат.

Им благодариме на сите посетители, соработници и гости за интересот, довербата и времето поминато со нас.

Како компанија со 25 години искуство и посветеност на воведувањето нови стандарди во градежништвото, продолжуваме да ја реализираме нашата визија за квалитетни домови, современи урбани решенија и долгорочни инвестиции.

25 години. Само делата се вистина.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ