Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш.
Донацијата ја предаде извршната директорка на Адора Инженеринг, д-р Драгана Д. Чифлиганец, продолжувајќи ја традицијата на поддршка на образованието, културата и институциите што создаваат можности за учење и личен развој.
Новата компјутерска опрема ќе придонесе за осовременување на секојдневното работење на библиотеката, полесен пристап до информации и унапредување на услугите што им ги нуди на своите корисници. На тој начин, библиотеката ќе може уште поуспешно да ја исполнува својата основна мисија, зачувување на книгите, културното наследство со можностите кои ги нуди современата технологија.
Како место отворено за сите генерации, библиотеката има значајна улога во културниот и образовниот живот на заедницата. Затоа, поддршката насочена кон нејзиниот развој не е само помош за една институција, туку придонес кон создавање подобри услови за сите што во неа наоѓаат можност за знаење, информации и простор за напредок.
За Адора, одбележувањето на 24-годишнината е можност досегашниот развој да се поврзе со конкретни дела што имаат значење и во годините што следуваат. Особено е важно да се придонесува таму каде што можностите за учење, развој и стекнување нови знаења им остануваат на генерациите што доаѓаат.
Заедно градиме подобра иднина.






