НОВОСТИ

НОВОСТИ

24 години Адора Бизнис Групација Успешна македонска градителска приказна

24 години Адора Бизнис Групација Успешна македонска градителска приказна

На 28 август 2002 година започна приказната на Адора, приказна изградена со знаење, истрајност и јасна визија дека само делата се вистина. Низ годините, Адора растеше заедно со своите вработени, партнери и соработници, претворајќи ги идеите во проекти што оставаат свој белег.

Денес, 24 години подоцна, Адора Бизнис Групација е препознатлив македонски бренд со делување во градежништвото и недвижностите, банкарството, енергетиката, инвестициите и социјалната заштита. Со проекти и инвестиции во Македонија, Грција, Србија, Словенија и Дубаи, Групацијата продолжува да го проширува своето присуство, останувајќи доследна на вредностите врз кои е создадена.

Во срцето на Скопје се гради Порта Скопје by Adora, современ станбено-деловен комплекс што носи нова димензија на урбаното живеење. Оаза by Adora, најсовремениот регионален центар за грижа, нега и рехабилитација на повозрасни лица, претставува инвестиција во достоинствено секојдневие, професионална поддршка и подобар квалитет на живот. Проектите во Неа Флогита, Грција и Љубљана, Словенија, го продолжуваат присуството на Адора на европскиот пазар.

Но, успехот за нас никогаш не бил само бројка. Тој се мери преку стекнатата доверба, долгорочно создадените вредности и одговорноста кон општеството. Затоа, поддршката на луѓето, особено на младите, на заедницата, институциите и значајните иницијативи низ годините останува важен дел од нашето делување.

Оваа годишнина ја одбележуваме со особена емоција, без нашиот Душко Чифлиганец, најцврстиот столб на Адора, човек со авангарден дух, визија и идеи кои продолжуваат да живеат. Во 32 години заедничка работа, тој остави силен и неизбришлив белег во развојот на Групацијата. Неговата енергија, храброст и посветеност нè потсетуваат дека најголемите идеи ја добиваат својата вистинска вредност тогаш кога ќе бидат претворени во дела.

Продолжуваме да градиме во Македонија и надвор од неа – храбро, одговорно и со јасна визија за иднината.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ