НОВОСТИ

НОВОСТИ

Со стан во Порта Скопје By Adora отпатувај на Малдиви

Со стан во Порта Скопје By Adora отпатувај на Малдиви

Правила за наградна игра „Со стан во Порта Скопје By Adora отпатувај на Малдиви“

Организатор

Друштво за производство, трговија, услуги и градежништво ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ, со седиште во Скопје на ул. Орце Николов бр. 182а, ЕМБС: 6798683, застапувано од управител Илија Илиев.

Име на наградната игра

„Со стан во Порта Скопје By Adora отпатувај на Малдиви“

Времетраење

За награда патување на Малдиви времетраењето на наградната игра е од 15.10.2026 до 31.01.2027 година.

Награда

Патување – туристички на Малдиви.

Вредност на наградата

Награда Количина Вредност / поединечна (денари) Вредност / вкупна (денари)
Патување на Малдиви 2 101.990,00 203.980,00

Вкупната вредност на фондот за награди изнесува 203.980,00 денари.

Територија

Наградната игра се организира и спроведува во Република Северна Македонија.

Наградната игра се организира со цел рекламирање на производите на Организаторот.

Услови за учество

По добивањето на одобрение од Министерство за финансии на Република Северна Македонија за правилата на игра, организаторот ќе ги објави правилата во дневен печат, на интернет страната www.adora.com.mk и на страната www.facebook.com/adora.inzenering.

Право на учество имаат сите физички и правни лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои имаат склучено преддоговор за купување на недвижност во станбено-деловниот објект Порта Скопје by Adora на ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ.

Право на учество во наградната игра немаат вработените во фирмата на организаторот, како и сите останати лица кои се директно вклучени во приредувањето и организирањето на наградната игра, во обезбедувањето на наградите, како и членовите на нивните потесни семејства (родители, деца, браќа, сестри и сопружници).

Учесниците на наградната игра прифаќаат, во случај на освојување награда, организаторот да ги објави нивните доставени податоци и фотографии во печатен, звучен, визуелен или видео материјал без надокнада и претходна согласност на добитникот и да ги користи во рекламни цели ако е тоа потребно, временски и просторно неограничено, без никакви обврски за давање на надомест за истото, а врз основа на неговата изјава и согласност.

Учесниците во оваа игра се согласни дека целокупниот материјал е сопственост на организаторот и се обврзуваат да се воздржат од било какви постапки против организаторот на основа на право за користење или сопственост на наведениот материјал.

Тек на постапката

Со секој склучен преддоговор за купопродажба на недвижност, стан или деловен простор, во станбено-деловниот објект Порта Скопје by Adora на ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ во периодот од 15.10.2026 до 31.01.2027 година, сите лица кои склучиле преддоговор се потенцијални добитници на главната награда – Патување на Малдиви. Извлекувањето ќе се одржи на 03.02.2027 година.

Лицата кои склучиле преддоговор за купопродажба на недвижност стануваат потенцијален добитник на:

  • Наградно патување за две лица на Малдиви.
  • Наградата не може да биде конвертирана во вредност и не може да се замени за парични средства.

Добитникот на наградата ќе биде објавен на интернет страната www.adora.com.mk и на www.facebook.com/adora.inzenering во рок од 3 дена од денот на утврдувањето на добитникот.

Добитникот ќе може да ја добие наградата најдоцна 7 (седум) дена по објавувањето. Доколку добитникот не ја преземе наградата во тој рок, го губи правото на наградата.

Со преземањето на наградата престануваат сите обврски на организаторот кон добитникот.

Секој учесник има право на приговор до Организаторот во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на добитникот, а Организаторот е должен да одговори во рок од 5 работни дена од денот на приемот на приговорот.

Постапка и контрола на извлекување на наградите

Наградната игра ќе се одржи во едно коло.

Учесници се лицата кои ќе склучат преддоговор за купопродажба на недвижен имот со ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ во периодот од 15.10.2026 до 31.01.2027 година, согласно условите од овој Правилник.

Извлекувањето за Наградно патување на Малдиви ќе биде на 03.02.2027 година во 12:00 часот, во просториите на ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ.

Добитникот ќе биде извлечен по случаен избор, по пат на извлекување од стаклен сад, од лицата кои ќе склучат преддоговор во наведениот период.

За да учествуваат, лицата на лист треба да ги испишат името, презимето и бројот на преддоговорот, да го стават во бело плико и пликото да го стават во специјално означениот стаклен сад за наградната игра. Доколку има повеќе лица кои се јавуваат како купувачи во еден преддоговор, истите имаат право само на едно учество.

Стаклениот сад ќе биде поставен во просториите на Организаторот – ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ.

За контрола на извлекувањето ќе биде формирана комисија од 3 (три) члена: 1 (еден) нотар кој ќе го изготви записникот и 2 (два) надворешни члена.

Прекин на наградната игра

Организаторот го задржува правото на прекин на наградната игра во случај на настапување на околности за кои организаторот не е одговорен, односно не може да ги спречи, отстрани или избегне, во кој случај се ослободува од сите евентуално настанати обврски кон учесниците.

Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските од овој правилник. Организаторот го задржува правото на измена на овој правилник, за што сите учесници ќе бидат навремено известени.

Начин на објавување на резултатите

Добитникот ќе биде објавен на www.adora.com.mk, на www.facebook.com/adora.inzenering и во еден дневен печат, во рок од 3 дена од денот на утврдувањето на добитникот.

Начин на исплата

Наградата може да се подигне во рок од 7 дена од објавувањето на резултатите, во просториите на Организаторот.

Наградното патување на Малдиви ќе биде врачено во форма на ваучер. Реализацијата на ваучерот треба да биде во период од 21.02.2027 до 02.03.2027 година.

Добитниците се согласни нивното име да се објави на интернет страната, на Facebook страната и во еден дневен печат.

Надлежност во случај на спор

Во случај на спор меѓу организаторот и учесникот, надлежен е Основен граѓански суд Скопје.

ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ
управител Илија Илиев

По Дозвола за приредување на наградна игра бр. 13-8155/4 од 14.10.2026 година, дадена од Министерство за финансии на Република Северна Македонија.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ