НОВОСТИ

НОВОСТИ

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

На свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Радовиш, синоќа проф. д-р Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-то ноемвриската плакета за животно дело.
Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека е човек кому сè му оди од рака во професионалниот и приватниот живот, но и дека тој никогаш не го заборава родниот крај и своето огниште, од каде одамна излегол, носејќи го својот Радовиш во срцето, поддржувајќи го во неговите „шампионски“ потфати. Признанието за животно дело, на Чифлиганец му е доделено за неговиот значаен придонес во унапредувањето на економијата, стандардот, спортот и социјалниот живот во Радовиш, во времето на директорувањето со некогашниот рудник „Бучим“, во неговата златна деценија, кога работниците меѓу другото, добивале 13-та плата. За развојот на регионот на Радовиш, Чифлиганец доста помогнал и како активен пратеник во два мандати во Собранието на Македонија. За неговиот придонес како спортски работник , кому спортот му е во душата, а борењето пасија, говорат европската и светската шампионска титула на Борачкиот клуб „Бучим Јака“, ненадминат спортски успех досега во Македонија. Комисијата за доделување на 6-то ноемвриските признанија, го потенцира и деловниот успех на Чифлиганец со неговата градежна компанија Адора инженеринг, која 22 години континуирано се развива и унапредува, ширејќи го бизнисот во повеќе економски сфери и географски подрачја, прераснувајќи во потврдено успешен, препознатлив бренд Адора Бизнис Групација, со интернационално реноме.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во очите на радовишани е човек, што и натаму неуморно создава, работи и има визии кои секогаш се остваруваат, по врачувањето на наградата за животно дело се заблагодари за укажаната чест со признанието, како и за радоста, љубовта и инспирацијата што му ги даваат неговите радовишани. Чифлиганец, еден од најуспешните Македонци родум од Радовиш, кој изминатите 40-тина години има реализирано голем број хумани и општествено одговорни проекти за поддршка на радовишани, заедницата и општеството, продолжува и натаму со својата економска и филантропска мисија.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ