По повод отпочнувањето со работа на Домот за стари лица „Оаза“ by Adora, изминатата недела се одржа отворен ден и презентација за претставници на медиумите, со цел поблиску да се претстават условите, концептот и начинот на функционирање на установата.
Настанот започна со обраќања и претставување на тимот кој ќе биде дел од секојдневното функционирање на домот, по што присутните имаа можност да проследат организирана тура низ објектот и непосредно да се запознаат со сместувачките капацитети, условите за престој, медицинската грижа и останатите содржини што ќе им бидат на располагање на корисниците.
Во рамки на презентацијата беа претставени услугите и пристапот на работа на „Оаза“, чија основна цел е обезбедување достоинствен, безбеден и квалитетен живот за повозрасните лица, преку професионална грижа, внимание и хумана средина.
Домот „Оаза“ претставува значајна инвестиција во унапредувањето на социјалните услуги и грижата за повозрасната популација.
Им благодариме на сите медиуми и гости за присуството, интересот и поддршката.
Видео презентација на ПУСЗ ОАЗА by Adora: https://youtu.be/tvfaCshJ6Sk






