НОВОСТИ

НОВОСТИ

СООПШТЕНИЕ ОД СРЕДБА НА СТАНАРИ ОД ОБЈЕКТ НА АДОРА-3.7 НОВО ЛИСИЧЕ-СКОПЈЕ, ОДРЖАНА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ НА 01.11.2013 ГОД.

СООПШТЕНИЕ ОД СРЕДБА НА СТАНАРИ ОД ОБЈЕКТ НА АДОРА-3.7 НОВО ЛИСИЧЕ-СКОПЈЕ, ОДРЖАНА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ НА 01.11.2013 ГОД.

На иницијатива и барање на станарите во новоизградениот објект 3.7. на Адора Инженеринг во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, денес, на 1 ноември, 2013 година, се одржа средба со градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, на која се дискутираше за актулените прашања за динамиката на приклучување на овој и другите станбени објекти во истиот комплекс на водоводната доводна мрежа, фекалната и атмосферска  канализација. На средбата, на која присуствуваше и претставник на градежната компанија Адора Инженеринг, градоначалникот на  Општина Аеродром, Ивица Коневски најави дека фирмата која е избрана да ги реализира приклучувањата, за тоа има временски рок од вкупно 120 дена од почетокот на работите, што практично значи дека водоводните и канализациски приклучоци за станбените објекти во Ново Лисиче кај новиот станбен комплекс „Адора“, на ул. „Февруарски поход“, треба да се изведат до крајот на годинава. Како што информираа од општина Аеродром на денешната средба, по завршување на зимскиот студен период,  ќе следи изработка и на патната инфраструктура на истиот простор.

Со цел да им излезе во пресрет на купувачите на становите во своите новоизградени станбени објекти во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје, Адора Инженеринг  вложи максимални напори изведбата на горенаведените инсталации  да биде во најкус можен временски рок. 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ