НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ АКТИВНА ВО МАКЕДОНСКАТА МРЕЖА НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ АКТИВНА ВО МАКЕДОНСКАТА МРЕЖА НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР

Поголемо присуство во јавноста, преку стручни дебати, дискусии, настапи во медиумите, организирање заеднички настани од областа на општествената одговорност, активирање и ажурирање на веб страница и фб, креирање публикација со најдобри практики на компаниите, како и одбележување на сработеното во 10 годишното постоење на Македонската мрежа на Глобалниот Договор. Ова се главните заклучоци од состанокот на новоформираната работната група за односи со јавност на Македонската мрежа на Глобалниот Договор, во која како претставник на Адора Инженеринг-Скопје е вклучена Нина Кепеска, ПР менаџер на компанијата. На состанокот се одредија идните активности на работната група за односи со јавност, со цел на пошироката јавност да и се објасни  стратешката определба на компаниите за општествено одговорните практики, со акцент на нематеријалните вредности, како подобрување на односите со вработените, со купувачите, добавувачите, поголема грижа за младите генерации, животната средина и давање добар пример за другите со ООП проектите. Македонската мрежа на Глобалниот Договор сака да се наметне како сериозен и значаен фактор во македонската и регионалната економија, а општествено одговорните практики на компаниите да добијат третман на конкурентска предност од што корист имаат граѓаните, институциите и пошироката заедница.

 Адора Инженеринг, членка на Глобалниот Договор во национални и меѓународни публикации

 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ