Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор и сопственик на Адора Инженеринг Скопје, беше меѓу 42 хумани поединци, компании и сервисни организации кои добија признанија за својата хумана дејност, добротворна активност и донирање средства за доброто на заедницата во Охрид и Струга, на манифестацијата „Филантропија-човекољубие на дело“ што синоќа се одржа во Охрид. Признанието за покажана особена филантропска дејност од Здружението на граѓани Локалната Агенција за Развој од Струга, д-р Чифлиганец го доби за трите хуманитарни акции за 200 социјално загрозени семејства, за доделените стипендии за двајца талентирани студенти, за поддршката на фестивалот Охридско Лето, изложбата „Охрид понапред“, Меѓународната кајак кану регата и други општествено одговорни проекти реализирани во охридскиот регион изминатите години, кои се опфатени во „Каталогот на филантропите“, кој беше промовиран на свеченоста во Охрид. 











