НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРОСЛАВА НА 11 ГОДИНИ АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ- 26.12.2013.-АЛЕКСАНДАР ПАЛАС-СКОПЈЕ

ПРОСЛАВА НА 11 ГОДИНИ АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ- 26.12.2013.-АЛЕКСАНДАР ПАЛАС-СКОПЈЕ

Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје 2013-та година ја завршува со рекордна продажба од 274 елитни станови во своите еко објекти во  Скопје и Охрид, што е за 32 % повеќе од минатата година. Анализите на продажниот сектор покажаа дека во текот на 12-те месеци годинава во компанијата се јавиле 2.800 заинтересирани граѓани за купување на стан, 837 потенцијални купувачи ја посетиле компанијата, а повеќе од една третина од нив, односно 274 граѓани купиле нов дом од овој единствен градежен супербренд во Македонија во 2013/2014 година. Податоците за нагорниот тренд на продажбата во Адора Инженеринг, потврдуваат дека за квалитетни, геомеханички стабилни, асеизмички сигурни, долгорочно економични енергетски ефикасни елитни станови, секогаш има интерес кај купувачите кои сакаат со нов сопствен дом да го решат животното станбено прашање. Новини кои во 2013-та година го подигнаа квалитетот на станбените објекти на градежниот бренд Адора Инженеринг на уште повисоко ниво е научната потврда на врвната асеизмичка стабилност на станбените објекти со симулација на „вештачки земјотрес“, како и изградбата на енергетски објекти од високата А КЛАСА, што на станарите ќе им заштедува енергија и пари за греење шест пати повеќе од порано.  

Интересен е податокот за возрасната структура на купувачите, кои во модерниот станбен комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, каде компанијата наскоро ќе гради уште два станбени објекти, се на возраст од 30 до 40 години, што значи релативно помлада популација, додека од 40 до 50 години, се купувачите на станови во елитните објекти „Под Водно“ во Скопје и „Билјанини Извори“ во Охрид.

            Примерот на Адора Инженеринг дека може да се прави успешен бизнис и во Македонија и на Балканот, се потврди со лидерското-прво место на компанијата во градежниот сектор-високоградба и позицијата на 12-та најуспешна компанија во Македонија во 2012 година, според Централниот Регистар на Р. М. Во 2013-та година компанијата со нови инвестициски проекти изгради 250 нови елитни станови и купи две нови атрактивни градежни локации во општина Аеродром, Скопје, каде ќе се градат стотина нови станови. Адора Инженеринг во рамките на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ досега има продадено повеќе од 20 станови. Идната 2014-та година, Адора Инженеринг сигурно чекори во насока на подобрување на квалитетот на градбите, во функција на задоволните купувачи.

            Адора Инженеринг, која годинава го ребрендира логото, со акцент на градежната дејност, во третата деценија размислува за збогатување на дејноста со нови развојни можности и бизнис проекти.

Обраќање на генералниот менаџер на Адора Инженеринг, проф. др. Ванчо Чифлиганец
Пристутни гости на свечeноста на Адора Инженеринг
Извршниот директор на Адора Инженеринг, д.р Драгана Чифлиганец и еден од среќните купувачи

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ