„Меѓународната награда за градежништво доделена од Клубот на водечките градежни и трговски лидери во светот, за Адора Инженеринг значи дека градежната компанија и натаму треба да ги унапредува стандардите во работата, во корист на станарите, граѓаните, животната средина и општеството“.- е клучната порака која при примањето на високата интернационална награда од градежната фела во светот ја истакна ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, што беше поздравено со аплауз од присутните на бизнис форумот во Мадрид, Шпанија, каде на 150-те учесници од 30 земји во светот најголем впечаток им остави тестирањето со вештачки земјотреси, со што Адора Инженеринг практично и научно ја докажува врвната асеизмичка стабилност на изградените објекти и нивните енергетски карактеристики за заштеда на енергија и заштита на животната средина. 












