Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, денес во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот. За генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ова меѓународно признание е уште една потврда дека и светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање на конкурентни производи и за освојувањето на странски пазари. 















