Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, го освои престижниот светски куп „Хрватска Опен 2014“ што се одржа викендов во Макарска, со што потврди дека талентот и упорноста се исплатливи. Адора инженеринг која верува и ги помага младите таленти, финансиски го поддржува Димитар во подготовките за позначајните натпревари, а освоените пехари ја оправдуваат довербата во овој млад и перспективен спортист.
Ѓоргиев го освои златниот медал во дисциплината кик-лајт во категоријата до 79 килограми, убедливо најдобар, триумфирајќи во трите борби, со голема разлика. Нашиот кикбоксер во првите две рунди славеше против Хрватот Филип Хркач, потоа и против Џенан Алибабиќ од БИХ, а во финалето се избори за победа против хрватскиот репрезентативец Младен Секирица.
Aдора инженеринг во рамките на општествено одговорните активности и преку фондацијата што ќе се формира наскоро, ќе продолжи и во иднина да ги поддржува талентите, коишто ветуваат големи спортски и други достигнувања и се достојни претставници и афирматори на Република Македонија.







