НОВОСТИ

НОВОСТИ

Награда за најпопуларна градежна компанија во 2014

Награда за најпопуларна градежна компанија во 2014

На манифестацијата „Најпопуларни“, позната како „Гран при“ и „Битолски оскар на популарноста“, Адора инженеринг го доби признанието најпопуларна градежна компанија во 2014-та година во Македонија, а генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја доби специјалната награда за општествена одговорност. За првиот човек на Адора инженеринг, сопственикот и генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец,  признанијата се потврда дека компанијата-градежен лидер во Македонија и регионот, е препознаена од граѓаните кои и ја даваат својата доверба, одлучувајќи се за купување нов дом од овој градежен бренд, кој се труди тоа да го оправда секојдневно, нудејќи сигурно, квалитетно и економично домување според најновите европски стандарди и светски тренови. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец изрази задоволство што откако сам ги почувствувал благодетите на солидарноста и помагањето на заедницата за своето образование, сега според своите можности му возвраќа на општеството, со поддршка на образованието и развојот на младите талентирани луѓе, студенти и  спортисти, како си хуманирани акции и донации за заедницата, со што сите заедно вложуваме во развојот на државата за подобар живот и иднина на граѓаните. Манифестацијата „Најпопуларни за 2014“, се одржа во Битола по деветти пат во организација на Тв Орбис, чии гледачи со гласање ги избраа  најпопуларните компании, поединци и институции од целокупното живеење на општествената заедница. IVA_9065 IVA_9068 IVA_9138 IVA_9162

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ