Во рекорден рок, за само 30 часа поставена е темелната плоча на новиот станбено-деловен објект Адора Flatiron Скопје,што Адора инженеринг го гради во централното подрачје на Скоје, на почетокот на општина Кисела Вода. Во темелната плоча на овој стратешки објект кај Стара рампа, вградени се 3.600 м³ водонепропусен бетон, МБ 30 и 320 тони бетонско железо-ребраста арматура. На изградбата на овој маркантен објект работи високостручен тим на докажани градежни работници предводени од раководителот инженер Стефан Орачески со соработниците Вангел Ташоски, Миле Јованоски, Радослав Симеонов, Блаже Манаилов, Благој Ѓуров, Нове Башоски, Ристе Ефтимов, Јовица Миличински, Сречко Серафимов, Доне Миладинов, Билјана Крстеска и искусните армирачи Менсур Шуман и Махруди Шуман, под водство на потврдениот менаџер, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг. Објектот Адора Flatiron Скопје лоциран на 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од главниот плоштад Македонија, кој со препознатливата архитектура ќе го донесе урбанистичкиот дух на Њујорк во Скопје и Македонија, ќе биде атрактивен за граѓаните за квалитетно домување и водење успешни бизниси, со докажаната асеизмичка стабилност, европските стандарди, енергетската ефикасност А-класа и лесната достапност на урбаните содржини на строгиот центар на македонската метропола. 










