Адора инженеринг денес доби три национални признанија на 10-тата јубилејна манифестација на која министерството за економија и координативното тело ги доделија националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија 2017-та. Компанијата која паралелно со успешниот развој во високата градба, 15 години гради традиција на препознатлива општествена одговорност, ги доби највисоката награда меѓу големите компании, статуетка за однос кон животната средина, плакета за вложување во заедницата и јубилејна награда за најголем број добиени награди за најдобри ОПП во изминатата деценија. „Седмата по ред награда во категоријата Заштита на животната средина, Адора инженеринг годинава ја доби за долгорочниот проект „Со еко домови 15 години градиме зелени градови во Македонија“ за иновативниот приод во изградбата на енергетски ефикасни домови со природна светлина, органска фасада и без бучава, со цел да им овозможиме на купувачите комфорно, здраво и штедливо домување и да ја заштитиме животната средина од еко и звучно загадување. Како потврда за повеќекреатната заштеда на енергија за греење и ладење купувачите ќе добијат енергетски пасош А-класа, а за одличната звучна изолација која е далеку над македонските стандарди, станарите во новиот објект Адора Flatiron во срцето на Скопје, за прв пат во Македонија ќе добијат сертификат за акустичен комфор, гаранција за мирно и спокојно домување во урбаното јадро на метрополата“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг. Тој по примањето на статуетката најави дека компанијата предводник во изградбата на енергетски ефикасните домови во Македонија, продолжува посветено и одговорно со унапредување на еко домовите во Дијамантската градина на Адора-АдораDiamond Garden во скопски Карпош, носејќи го светскиот тренд на зеленото домување во Македонија. 










