НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО ОСВЕТУВАЊЕ НА КРСТИЛНИЦАТА ЗАОКРУЖЕН ПРАВОСЛАВНИОТ ЦРКОВЕН КОМПЛЕКС СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

СО ОСВЕТУВАЊЕ НА КРСТИЛНИЦАТА ЗАОКРУЖЕН ПРАВОСЛАВНИОТ ЦРКОВЕН КОМПЛЕКС СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Во православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје, според црковните традиции и обичаи, во присуство на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството, верници и гости, поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан денес ја освети и предаде во употреба новата крстилница. Со крстилницата, подигната, живописана и опремена во стилот на црквата Свети Јован Крстител, архитектонски и религиозно, се заокружи комплексот со објект каде православните верници ќе ја примаат темелната тајна на Светата црква со светотото крштевање, станувајќи христијани, полноправни членови на православната црква. „Со чинот на осветувањето на оваа прекрасна крстилница од ктиторското дело на г-дин Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг во комплексот Свети Јован Крстител се заокружи материјалниот дел, а со кршевањата ја започнуваме духовната градба, градбата на духовната црка за нашиот народ, каде од денес па натаму секоја крштевка ќе може да се извршува. Семејството Чифлиганец го даде највредното за својот народ и за својата црква, со овој неповторлив дар, градејќи Божји дом за сите нас, украс на Ново Лисиче и на Скопје. Посакуваме да продолжат ваквите дела кои остануваат за идните генерации. Благодарност до ктиторот од името на сите оние кои доаѓаат во овој храм на молитва и на духовен мир и од името на сите кои со крштевањето во нова крстилница ќе станат членови на нашата света црка и на црквата Христова“. – порача Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. „Денеска го комплетиравме православниот храм Свети Јован Крстител покрај македонскиот Јордан, реката Вардар каде имаме црква за венчавки, камбанарија и уреден двор, а сега и крстилница да се крстат новореднчињата кои со светото крштевање  вистински се раѓаат во верата христова. Им благодарам на сите добронамерни луѓе кои во животот ми даваа енергија да можам да помагам и да го споделувам со сите тоа што ми е дадено од Бога. За мене вистински верник е оној кој кога може, им помага на луѓето, што е и вистински христијански чин, со кој се одликуваат филантропите. Во животот колку повеќе сум создавал, толку сум споделувал со другите, сфаќајќи дека духовното е секогаш над материјалното, и е тоа што треба да не води низ животот и да не прави почовечни и подобри луѓе“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ктитор на православниот храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром, Скопје, кој во 2014 година беше осветен и подарен на Македонската православна црква и на македонскиот православен народ.  

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ