НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА БИЗНИС ГРУПАЦИЈА И ВЕНКО АНДОНОВСКИ ПРЕКУ ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА СОЛИДАРНИ СО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

АДОРА БИЗНИС ГРУПАЦИЈА И ВЕНКО АНДОНОВСКИ ПРЕКУ ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА СОЛИДАРНИ СО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

„Човек може без храна 14 дена, без вода 7 дена, ама без смисла – ни еден Единствен миг!“ Ова е една од пораките на реномираниот писател Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, што компанијата Адора инженеринг ја избра на хуманитарната аукција, чии средства се наменети за финансиска поддршка на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

На доделувањето на годинашната награда „Стале Попов“ за романот „Папокот на светлината“ од Друштвото на писателите на Македонија, Андоновски, еден од најдобрите современи македонски писатели, ја покажа човечноста на дело. Тој напиша 15 авторски пораки на 15 ликовни платна, кои преку хуманитарна аукција ù беа понудени на бизнис заедницата под мотото „Купи порака и помогни на Турција и Сирија“, за собирање финансиски средства за донација со пораки да бидеме хумани, солидарни и единствени кога е најпотребно.

На неповторливиот проф. д-р Венко Андоновски што ние во „Адора инженеринг“ го знаеме како човечен, кому зборовите му се најмоќно оружје, му честитаме за престижната награда „Стале Попов“ и му порачуваме: „Драг наш пријателe, создавач на добри дела, немој да се менуваш, како таков човек ù требаш на Македонија!“

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ