НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг одбележува полнолетство – 18 години успешно работење

Адора инженеринг одбележува полнолетство – 18 години успешно работење

Во градежниот сектор – високоградба Адора инженеринг денес е бренд препознатлив по воведувањето нови стандарди – синоним за сигурна градба. Во изминативе 18 години компанијата ја врати довербата кај македонските граѓани да инвестираат во недвижности во земјава, даде огромен придонес во развојот на вкупната економија, ангажираше над 500 вработени, донираше 5 милиони евра во заедницата за изградба на подобро општество за сите, а над 50-те награди само ја потврдуваат успешната приказна на компанијата. „Адора инженеринг е основана на 28 август 2002 година, голем православен христијански празник и Ден на рударите, длабоко врежан во мојот работен век, на почетокот поминувајќи ги сите скалила во рудникот „Бучим“, а како најмлад генерален директор издигнувајќи го рудникот на највисоко ниво на рентабилност. Затоа кога решив да влезам во приватниот сектор го одбрав токму 28 август да ја основам Адора инженеринг. После 18 години, можам да кажам дека бренд, како што е Адора инженеринг во македонското градежништво-високоградба, се гради со многу храброст, знаење, посветеност, со многу работа и со многу пот. Бренд не е само име, туку бројки, податоци, факти кои го потврдуваат растот на една компанија, придонесот што го дала за севкупната економија, врз развојот на државата. Верувам во својата држава и верувам дека инвестираните средства секогаш вродуваат со плод. Секогаш сум сметал дека со многу работа, знаење, посветеност и храброст успехот доаѓа“, порачува основачот и генерален директор на Адора инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој на сите вработени и на сите оние кои во изминативе 18 години го дале својот придонес во развојот на Адора инженеринг, искрено и од срце им се заблагодарува и им честита на постигнатите успеси. За 18 години Адора инженеринг има изградено 40 репрезентативни станбено-деловни објекти. Станува збор за инвестиции со економски обрт од околу 330 милиони евра и изградени 300 илјади m² нето-развиена површина, со околу 3.000 висококвалитетни домови, во кои живеат над 12 илјади граѓани, тоа е еден мал Адорин град. Во изминативе 18 години Адора е постојано меѓу 200 најуспешни и најголеми компании во државата, шест години меѓу 25-те најуспешни фирми и најбрзорастечки компании. Бројот на вработените од само двајца на почетокот се искачи на околу 500 градители, на кои редовно им се исплатуваа плати, надоместоци и придонеси. За уделот во националната економија, сведочат 30 милиони евра платени во државниот буџет за купување градежно земјиште и 20 милиони евра уплатени за комунални давачки во повеќе општини, во кои се изградени објектите на Адора. Угледот на компанијата и дома и надвор е потврдено со над 40 национални признанија и со 7 интернационални награди. Адора инженеринг вложува во заедницата, во градењето на подобро општество, донирајќи 5 милиони евра, што е направено од душа, од срце, со многу љубов за создавање на поубав, посреќен и порамноправен свет.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ