НОВОСТИ

НОВОСТИ

ВО КОМПЛЕКСОТ АЕРОДРОМ ЗАБРЗАНО И КВАЛИТЕТНО СЕ ДОВРШУВААТ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ВО КОМПЛЕКСОТ АЕРОДРОМ ЗАБРЗАНО И КВАЛИТЕТНО СЕ ДОВРШУВААТ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Градежниот тим на Адора инженеринг, со искусни инженери, вредни мајстори и потврдени градежни работници, интензивно, квалитетно и посветено работи на довршување на неколку објекти на овој градежен бренд во комплексот Аеродром во Скопје. Зголемениот ден и топлото пријатно време им овозможија на градителите со елан и беспрекорен квалитет да ги реализираат  активностите за довршување на идните енергетски ефикасни домови од високата А класа, со докажана геомеханичка и aсеизмичка стабилност, иделани за модерно, функционално и економично живеење на атрактивна локација, само 10 минути пеш од централниот плоштад на Скопје. Во комплексот Аеродром активно се работи на изградба на новиот станбено-деловен објект „Аеродром Кружен тек“ каде се подготвува бетонирање на плоча над  девети кат од ламела 2, на ламела 1 се работи на ѕидаријата на први и десетти кат, а се поставува пвц столарија и прозори.   На „Аеродром Црква 2“ во завршна фаза е поставувањето плочки во внатрешноста на објектот, а во тек е и конструкција на вратата за подземните нивоа на паркиралиштата. Во објектот „Аеродром Градинка“, се доработуваат баџите со поставување на термо и хидроизолација, а се работи и на поткровните конструкции. На деветти и десетти кат од објектот Градинка се работи на малтерисување, додека на објектот „Аеродром Парк 3“ се поставуваат плочки на први и втори кат во становите, како и гипс-картонски облоги во скалишниот дел што води кон кровот, а се работи и на фасадата на терасите. Освен во Комплексот Аеродром, докажаниот искусен тим на Адора инженеринг работи и на изградба на новиот урбан симбол во  македонската метропола, станбено-деловен комплекс „Аеродром Flatiron Скопје“, а се подготвува и градењето на објектот „Дијамантската градина на Адора“ во скопски Карпош – Тафталиџе, со кој се воведува брзорастечкиот светски тренд на зеленото домување во Македонија. Со изградба на препознатливите уникатни објекти, Адора инженеринг, предводник и најголем инвеститор во високоградбата во Македонија,  продолжува и натаму со нагорен развоен тренд, оправдувајќи ја  довербата на 2.600 свои купувачи, потврдувајќи го епитетот на најуспешен бренд во градежниот сектор во Македонија.

DSCN0501
Објект Аеродром Кружен тек
 
DSCN0495
Објект Аеродром Градинка
 
DSCN0646
Објекти Црква 1 и Црква 2
DSCN0483
Комплекс Парк 1, 2, 3
     

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ