НОВОСТИ

НОВОСТИ

ВО РЕКОРДЕН РОК СЕ ПОСТАВЕНИ ТЕМЕЛНАТА ПЛОЧА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ И ПЛОЧАТА НА 4-ТО НИВО НА ОБЈЕКТОТ АЕРОДРОМ ГРАДИНКА

ВО РЕКОРДЕН РОК СЕ ПОСТАВЕНИ ТЕМЕЛНАТА ПЛОЧА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ И ПЛОЧАТА НА 4-ТО НИВО НА ОБЈЕКТОТ АЕРОДРОМ ГРАДИНКА

Во рекорден рок, за само 30 часа поставена е темелната плоча на новиот станбено-деловен објект Адора Flatiron Скопје,што Адора инженеринг го гради во централното подрачје на Скоје, на почетокот на општина Кисела Вода. Во темелната плоча на овој стратешки објект кај Стара рампа, вградени се 3.600 м³ водонепропусен бетон, МБ 30 и 320 тони бетонско железо-ребраста арматура. На изградбата на овој маркантен објект работи високостручен тим на докажани градежни работници предводени од раководителот инженер Стефан Орачески со соработниците Вангел Ташоски, Миле Јованоски, Радослав Симеонов, Блаже Манаилов, Благој Ѓуров, Нове Башоски, Ристе Ефтимов, Јовица Миличински,  Сречко Серафимов, Доне Миладинов, Билјана Крстеска и искусните армирачи Менсур Шуман и Махруди Шуман, под водство на потврдениот менаџер, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг. Објектот Адора Flatiron Скопје лоциран на 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од главниот плоштад Македонија, кој со препознатливата архитектура ќе го донесе урбанистичкиот дух на Њујорк во Скопје и Македонија, ќе биде атрактивен за граѓаните за квалитетно домување и водење успешни бизниси, со докажаната асеизмичка стабилност, европските стандарди, енергетската ефикасност А-класа и лесната достапност на урбаните содржини на строгиот центар на македонската метропола. Photo 1 Photo 1 Foto 4 Со вградени 206 м³ бетон, тимот на Адора инженеринг вчера ја постави плочата на 4-тото ниво, над третиот кат на новиот станбен објект Аеродром-Градинка, кој компанијата го гради во комплексот „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје. На само 10 минути пеш од централниот плоштад во Скопје, на почетокот на развиената урбана општина Аеродром, со достапна инфраструктура и сите содржини за функционален живот, објектот Аеродром Градинка, нуди одлични услови за сигурно, квалитетно и економично домување во енергетски станбен објект од високата А-класа. DSCN0437 Objekt Gradinka  render

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ