На Women Economic Forum Balkans 2024, кој на отворањето гo позрави претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Дафкова, учествуваат 270 потврдени лидерки и лидери, претприемачи и активисти од регионот, Европа и светот, кои разменуваат идеи и најдобри практики за справување со заеднички предизвици.
Целта на форумот во Скопје, поддржан од Адора Бизнис Групацијата, на кој учествува и извршна претседателка д-р Драгана Д. Чифлиганец, е да ја унапреди позицијата на жените во современото општество, особено во делот на економското јакнење, намалување на родовата нееднаквост и поттикнување на женското лидерство. Меѓу темите на кои дискутираат панелистите и учесниците се: „Зајакнување на жените во бизнисите за долготрајни позитивни промени“; „Креирање на деловен пејзаж за кариерен успех на жените“; „Жените како катализатори на одржлив развој и зелена транзиција“; „Платежна рамноправност и обликување на иднината на жените во бизнисот“; „Пристап до финансии и моќ на вмрежување“ и други.
Женскиот економски форум – Балкан 2024“, организиран од Здружението на жени менаџери ЕЛИТ и меѓународни организации, ќе заврши утре со состанокот Г100 – Балкан 2024: Интернационализација на бизнисите.






