НОВОСТИ

НОВОСТИ

Детскиот карневал го обои Радовиш во сите бои – претставниците на Адора инженеринг Бранко и Дане продефилираа со големиот број најмлади учесници

Детскиот карневал го обои Радовиш во сите бои – претставниците на Адора инженеринг Бранко и Дане продефилираа со големиот број најмлади учесници

По втор пат во Радовиш, денес се одржа детскиот карневал чија цел е да стане традиција на детската игра во Македонија.На главниот покровител на фестивалот проф д-р Ванчо Чифлиганец, од страна на Општина Радовиш му беше доделено признание за поддршката, а тој им порача на децата да бидат среќни и секогаш низ игра да го челичат својот дух.

„Ме потсетувате на тоа кога јас бев дете како Вас. Карневалите се игри на маскирање и за мали и за големи деца, за деца и за возрасни. Карневалот е настан на кој сите стануваме деца со чиста душа. Зошто? Затоа што од оние што како деца се маскираат, подоцна стануваат возрасни луѓе кои постојано сакаат да бидат некој друг, подобар, поубав, посилен, поумен! Има ли поубава работа од тоа – да станеш некој друг, подобар одошто си? Нема. Затоа, кога Ве гледам вака маскирани, се радувам. Знам дека сите Вие што денес носите маски, утре ќе бидете подобри луѓе! Да сте ми живи и здрави, сите маскирани! Да даде Бог сите желби да ви се остварат, а маските ги кажуваат Вашите желби.“- порача  Чифлиганец на отворањето на карневалот, на кој како претставници продефилираа и Бранко и Дане, подмладокот на Адора инженеринг, со слоганот „Само делата се вистина“, под кој овој потврден бренд одбележува 20 години.

Детскиот карневал во Радовиш, со голем број весели, насмеани и среќни учесници од најмладите генерации, го организира Центарот за култура во Радовиш.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ