Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора бизнис групацијата, синоќа присуствуваше на традиционалниот прием во Британската резиденција во Скопје, чиј домаќин беше Нејзината Екселенција, амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј.
На средбата во Британската резиденција, покрај претставниците на Британската амбасада, присуствуваше афирмираната бизнис елита од стопанскиот врв во Македонија. Неизбежни беа разговорите на актуелни теми за пандемиската, макроекономската и енергетска криза во Македонија, регионот и на глобално ниво, визиите и можностите за нивно надминување и за развој на иновации кои ги нуди иднината.
На приемот, кој вообичаено се одржува на крајот од годината, беше промовирано најновото издание на престижниот магазин The Economist „СВЕТОТ ВО 2022-та“ на македонски јазик, каде е објавено интервју со Душко Чифлиганец под наслов „Имаме стратегија да креираме стратешки диверзифицирано корпоративно портфолио во неколку клучни економски и стопански гранки“.
