По повод Велигден, Адора инженеринг за најмладите станари во елитните објекти „Аеродром Парк 1“ и „Аеродром Црква 1“, организираше креативна ликовна работилница каде дечињата украсуваа јајца и цртаа цртежи со мотиви од големиот празник на Христовото воскресение. Во пријатна и срдечна атмосфера, со песна и смеа, дечињата се дружеа и заедно со нивните семејства и вработените во компанијата својата креативност ја претставија со боење јајца и сликање цртежи со Велигденски мотиви. Адора инженеринг во духот на општествената одговорност и во иднина ќе организира забавни заеднички дружења за своите станари, со цел да ја продолжиме грижата за своите купувачи кои се дел од големото семејство на Адора. 










