По повод Велигден, големиот празник на Христовото воскресение-симболот на вечниот живот, Адора инженеринг на сите купувачи на стан од оваа компанија ќе им подари вреден подарок-телевизор за новиот дом. Целта на оваа велигденска промоција, што почнува денес – 6 април и ќе трае до 19-ти април 2015 година, е купувачите со уплатен стан, да добијат подарок-опрема за новиот дом, што ќе им го разубави велигденското празнување. Адора инженеринг постојано организира промотивни акции за своите купувачи, со што сака да им возврати со подарок, награда и внимание за дадената доверба и лојалност со изборот на докажано сигурен, енергетски ефикасен стан, со долгорочен квалитет по современите светски стандарди од овој потврден градежен бренд. 






