НОВОСТИ

НОВОСТИ

МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖИНЕРИНГ ЗАЕДНО СО БИЗНИСМЕНИТЕ ОД РЕГИОНОТ ИМ ИСПРАТИЈА ПОРАКА НА ПРЕМИЕРИТЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОМУНИКАЦИЈА СО ЦЕЛ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖИНЕРИНГ ЗАЕДНО СО БИЗНИСМЕНИТЕ ОД РЕГИОНОТ ИМ ИСПРАТИЈА ПОРАКА НА ПРЕМИЕРИТЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОМУНИКАЦИЈА СО ЦЕЛ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

img_20171017_143717  На „Самит 100“, во Скопје бизнис елитата од регионот дебатираа за отворање на нови можности за соработка, дигитализација на компаниите, развој на енергетиката, инфраструктурата, образовниот систем. Менаџерскиот тим на Адора инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец активно учествуваа во разговорите со бизнисмените од регионот, со особен интерес за новите технолошки достигнувања, за проектот „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот, со што Македонија ќе биде дел од зелениот коридор на Балканот, чија траса од 1.400 километри ќе поминува низ Љубљана – Загреб – Белград – Скопје – Приштина – Тирана. На „Самит 100“ во Скопје бизнисмените имаа можност директно да им упатат неколку пораки на четворицата премиери од регионот, дека само со поголема комуникација и отвореност за соработка може да одиме напред кон Европа. На премиерите на Македонија, Зоран Заев, на Црна Гора, Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, бизнис заедницата им порача дека треба да соработуваат и да ги надминуваат бариерите, да ги променат тарифниците, со конкретни мерки да се намалат часовите на чекање на граничните премини, да се посветат на развој на инфраструктурата, со цел побрз проток на луѓе и стоки. И бизнисмените и политичарите, кои два дена разговараа во Скопје, сметаат дека овој регион има голем потенцијал, кој треба да се искористи. samit-100 img-bafa485d1e352d70c0167ed3b9c7b908-v img-c56bc6c2b80f28738a7754207c62bef7-v img-f664023022d75dda491d1d082adfdc4a-v

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ