НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПЕТКОВСКИ ЈА ПОДИГНАА САЕМСКАТА НАГРАДА-ОПРЕМУВАЊЕ НА НОВИОТ ДОМ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ПЕТКОВСКИ ЈА ПОДИГНАА САЕМСКАТА НАГРАДА-ОПРЕМУВАЊЕ НА НОВИОТ ДОМ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Маргарита, Николче и Сара Петковски, среќните купувачи на стан на 5-тиот саем на недвижности, го подигнаа ваучерот од Адора инженеринг со вредната  награда-опремување на новиот дом купен со саемската промоција. Во пријатен амбиент, со менаџментот на компанијата, среќното семејство од Битола ја сподели радоста, што купувањето на новиот докажано сигурен, енергетски ефикасен, висококвалитетен дом во објектот „Аеродром-Градинка“ во општина Аеродром, Скопје им донесе и награда-комплетно опремување на станот по нивна желба. „Ова ми е прва награда што ја добивам во животот, која воопшто не ја очекувавме, многу не изненади, израдува и усреќи. Станот од Адора инженеринг во новиот објект „Аеродром-Градинка“ го избравме уверени дека купуваме дом од проверен и докажан градежен бренд, потврдено со тест вештачки земјотрес, енергетски пасош А-класа и квалитет по европски стандарди, што нам како идни станари ни гарантира заштеда на енергија за греење и ладење и други долгорочни придобивки. Наградата за комплетно опремување на домот е уште една потврда за професионалниот и коректен однос на Адора инженеринг кон своите купувачи, за што добриот глас надалеку се слуша, а и ние сигурно ќе ја препорачаме оваа компанија на нашите пријатели кои сакаат да купат нов дом“.-порача Николче Петковски, добитник на саемската награда. „Со наградите со кои постојано ги изненадуваме нашите купувачи, сакаме да им се заблагодариме за подарената доверба и лојалноста и да им возвратиме со почит и внимание што избрале стан токму од нашиот градежен бренд, кој им гарантира трајна вредност, квалитет, сигурност и долгорочни заштеди во новиот дом. На среќното семејство Петковски им честитаме на наградата и им посакуваме новиот дом да им биде исполнет со среќа и благословеност и да им го отвори патот на новите поколенија за успеси во професионалниот развој и животот“.- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг. Градежната компанија Адора инженеринг најавува нови изненадувања и вредни награди за своите купувачи и во иднина.   IMG_0129 IMG_0136 IMG_0119 IMG_0091 IMG_0133

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ