НОВОСТИ

НОВОСТИ

Постхумно признание „Бизнис Лидер 2025“ во чест на Душко Чифлиганец

Постхумно признание „Бизнис Лидер 2025“ во чест на Душко Чифлиганец

На годинешната конференција „Бизнис Лидер 2025“, посветена на унапредување на лидерството, иновациите и општествената одговорност, постхумно признание беше доделено на Душко Чифлиганец – визионер, лидер и хуманист чија посветеност засекогаш ќе ја инспирира македонската бизнис сцена.

Иако загубата е голема – и за нас и за целата деловна заедница – чувствуваме длабока благодарност и гордост што организаторите ја препознаа неговата визија, храброст и човечност како пример за современ лидер и инспирација за младите претприемачи.

За Душко, успехот никогаш не се мереше со бројки, туку со човечност – со тоа колку можеш да придонесеш, да помогнеш и да оставиш трајна вредност зад себе. Неговата искрена хуманост и бројните проекти во спортот, образованието и општествената одговорност остануваат најсилен доказ за неговото животно мото – да создава добро и да го менува светот околу себе.

Од името на семејството Чифлиганец и Адора Бизнис Групацијата, признанието го прими д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна претседателка на групацијата. Во своето емотивно обраќање, таа истакна дека Душко живеел надвор од комфорната зона, со неуморна желба да создава и да остави трага во општеството, а доказ за тоа се неговите седум компании кои успешно работеа во четири држави.

Искрена благодарност до организацискиот тим на „Бизнис Лидер“ за признанието кое потврдува дека енергијата, идеите и делата на Душко Чифлиганец продолжуваат да инспирираат – како трајно наследство на визија, храброст и човечност.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ