НОВОСТИ

НОВОСТИ

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја промовира автобиографската книга „Мојот македонски код“ по повод 20 години Адора и други јубилеи

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја промовира автобиографската книга „Мојот македонски код“ по повод 20 години Адора и други јубилеи

„МОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОД – Живеам за да работам – Ако си борец ќе бидеш и творец“, е најновото авторско дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, животна и професионална автобиографија на нашиот потврден стопанственик, менаџер, професор, спортски активист и филантроп, која беше промовирана синоќа на корпоративната прослава на Адора во Скопје. Низ книгата со 12 поглавија, Чифлиганец пред сé на помладите, но и на сите други, им ги открива основните тајни и личниот рецепт-проект како се доаѓа до успех и како се стигнува на врвот. Овој наративен и фотографски времеплов низ животните предизвици на Чифлиганец, базиран на негови сведоштва и документи, е фокусиран на образовните дострели, професионалната и општествено-политичка кариера, филантропијата и неговиот неимарски македонски код, успешната македонска градителска приказна Адора инженеринг. Чифлиганец во оваа книга, несебично, како филантроп, пишува за клучот и ја дешифрира формулата како се доаѓа до успехот, преку конкретни примери и карактерни особини, враќајки се 150 години назад, бидејќи како што самиот истакнува, ако тоа не било вградено кај секој македонец, сигурно денес не би имале своја самостојна држава, Македонија.

„Мојот македонски код“ содржи и дел за менаџерството, животен, автентичен лексикон и поглед кон иднината за нашата благородна Македонија, со што авторот сака да ја врати вербата во смислата на животот, да го врати оптимизмот дека Македонија може да биде одлично место за живот, порачувајќи дека не е само туѓата земја-ветена, туку дека и во Македонија може секој да си го исполни својот сон. Нашиот реномиран писател, проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, Чифлиганец го оцени како егзистенцијалистички феномен од македонската лоза, кој верува и докажува дека човекот и неговиот живот имаат смисла, дека таа смисла се работата и подвигот за еден подобар свет. Книгата не го отсликува само главниот лик, авторот Чифлиганец, туку таа се однесува на многу генерации Македонци, отсликувајќи го битието на Македонецот во временска дистанца од 150 години наназад и македонскиот код, со кој многумина ќе се идентификуваат.

„Драго ми е што во нашата Македонија ги подигнавме стандарите за висока градба, не чекавме да дојде енергетска криза за да ги поставаме првите фотоволаици пред 13 години, да ги воведеме енергетски ефикасните домови пред 16 години и од квалитетот по кој сме препознатливи, продобивки да има целото општество“, порача д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен потпретседател на Адора Бизнис Групацијата, која има диверзифицирани бизниси во различни сфери и географски подрачја.

На прославата, со која се одбележаа 20 години јубилеј на интернационалниот бренд Адора, 45 години работен стаж, 35 години од докторирањето и 30 години успешно менаџирање на неговиот основач проф. д-р Ванчо Чифлиганец и 30 години самостојна Македонија, им беше изразена благодарност за заедничките успеси и поддршката на тимот на компанијата, институциите, соработниците и сите пријатели на големото семејство Адора инженеринг.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ