НОВОСТИ

НОВОСТИ

РАДОВИШ – 30 ГОДИНИ СПОРТСКА ГОРДОСТ

РАДОВИШ – 30 ГОДИНИ СПОРТСКА ГОРДОСТ

Во саботата, 20 декември, Радовиш беше центар на спортската гордост и колективната меморија одбележувајќи 30 години од освојувањето на светската и европската титула во борење – слободен стил, еден од најголемите успеси во историјата на македонскиот спорт.

Пред три децении, борачите на БК „Бучим“ со исклучителна борбеност, дисциплина и верба ги победија најсилните клубови и репрезентации од големи европски и светски спортски држави, докажувајќи дека квалитетот, кога е поткрепен со заедништво и визија не познава географски граници.

Како трајно обележје на тој историски подвиг, на кружниот тек на булеварот „Александар Македонски“, на самиот влез во градот, беше откриен „Споменикот на борачите“ – впечатлива скулптура која ја симболизира златната генерација на македонското борење. Скулптурата на двајца борачи во зафат претставува метафора за силата, истрајноста и спортскиот дух што го обединуваа тимот и градот.

Настанот се одржа во присуство на голем број граѓани, сегашни и поранешни спортисти, тренери, спортски работници и претставници на институциите, а беа доделени и плакети за заслуга на сите кои директно или индиректно придонеле за историскиот успех на БК „Бучим Јака“ – Радовиш.

Во своето обраќање, проф. д-р Ванчо Чифлиганец изрази благодарност до сите кои со својата посветеност и заедништво се заслужни за историскиот успех, истакнувајќи дека Радовиш отсекогаш му бил извор на инспирација, а скулптурата треба да биде светилник за идните генерации и потсетник дека градот продолжува да создава шампиони. Споменикот е донација од Адора Инженеринг, како израз на почит кон спортската историја на Радовиш и Македонија, но и како порака дека вистинските вредности се градат и се чуваат со дела.

Како дел од хуманитарната димензија на настанот и во духот на празниците, беа донирани 700 новогодишни пакетчиња за дечињата од Општина Радовиш, со што спортската радост се претвори и во детска насмевка.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ