НОВОСТИ

НОВОСТИ

САНИРАН ПОКРИВОТ НА ПОСЕБНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ ВО СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

САНИРАН ПОКРИВОТ НА ПОСЕБНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ ВО СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Кисела Вода, Скопје, ја мина првата зима без повеќегодишните проблеми со прокиснување на дотраениот покрив, благодарение на проектот за санација што го реализира градежната компанија Адора инженеринг. Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, раководството на училиштето каде учат над сто деца со посебни потреби, му изрази благодарност за хуманоста и поддршката на менаџментот на Адора инженеринг, со што во објектот кој датира од 1932 година, се отстранија опасностите за протечување на влага од дожд и снег и се спречи  поплавување на просториите. Ана Шикалеска, директорка на училиштето „Д-р Златан Сремец“ изрази изненаденост од брзата реакција на Адора инженеринг, која веднаш го прифатила барањето за помош и со обезбедување изведувач и средства, експресно изврши санација на покривните делови на училиштето, обезбедувајќи им на децата со пречки во психичкиот развој, аутизам и мултихендикеп подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес, за рехабилитација и престој  во оваа установа. Проектот за санација на дотраените делови на покривот, Адора инженеринг го реализира во рамките на општествено одговорните активности и долгорочниот проект за вложување во општините каде компанијата гради објекти, како што е најголемата инвестиција во комплексот Адора Flatiron Скопје во непосредна близина на училиштето „Д-р Златан Сремец“ во општина Кисела Вода. Заменик генералниот директор на Адора инженеринг Душко Чифлиганец изрази задоволство од реализацијата на проектот како дел од стратегијата на компанијата да го споделува успехот од работата со пошироката заедница и да се грижи за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани, за што е потребна хуманост и солидарност особено важна за време на празниците како најголемиот христијански празник Велигден. Проекот за санирање на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е во духот на долгогодишната општествено одговорна традиција на Адора инженеринг, која и преку Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го поддржува развојот на образованието, науката, спортот, културата и реализира хуманитарни акции во Македонија. DSCN4771Direktorkata na ucilishteto Ana Shikaleska i zam gen dir na Adora Dushko Cifliganec1

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ