НОВОСТИ

НОВОСТИ

Соработка на повисоко ниво меѓу приватниот сектор и локалните институции со цел економски развој и просперитет, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата

Соработка на повисоко ниво меѓу приватниот сектор и локалните институции со цел економски развој и просперитет, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата

Во година во која особено ни е потребна визија за економски раст самитот „Македонија 2025“ се обиде на едно место да ја собере бизнис елитата од земјава и од светот, за да се видат можностите за развој на нашата мала економија во контекст на глобалните случувања. Во завршниот панел на самитот, учествуваше Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, истакнувајќи неколку интересни перспективи околу соработката меѓу локалните институции и приватниор сектор, како и директните странски инвестиции.

„Имаме голем потенцијал, кој многу малку е искористен. Не треба да одиме подалеку, можеме да ги следиме примерите од соседството каде што соработката меѓу приватниот сектор и државните институции се одвива на високо ниво. Економскиот развој и просперитет треба заедно, рака под рака да го водат приватниот сектор и локалните институции. Општините и државата треба да инвестираат во инфрастуктура и корисни содржини, што на пример ќе создадат интерес за недвижности кај луѓето и туристите,  приватниот сектор ќе го задоволи тој интерес со нови проекти и секако ќе плати соодветни даноци за тие бизниси назад кон државата, овозможувајќи нов циклус на државни вложувања. Златибор во Србија е одличен пример за оваа синергија. Општината ја изгради најдолгата жичарница во светот, а инвеститорите продадоа голема број  недвижности хранејќи ја општинската каса преку даноците.” – истакна Душко Чифлиганец. Да потсетиме, Адора го гради маркантниот хотелско-резиденцијален објект „21st Century Zlatibor by Adora”, инвестиција вредна 20 милиони евра во двете насоки.

Чифлиганец, запрашан за можната поврзаност меѓу директните странски инвестиции и инфлацијата, одговори: „Македонија има голем потенцијал во делот на странските инвестиции, но она што е важно е дека тие треба да донесат нова додадена вредност, која ќе остане тука во државата“. За тоа колку се значјани  странските инвестиции за Македонија и дали тие се фактор за раст на инфлацијата, Душко Чифлиганец истакна дека инфлацијата е комплексен макроекономки проблем во моментов на глобално ниво, за што тој смета дека никако не може да се лоцира причината кај странските инвеститори. Тој посочи дека можеби треба да се размисли за преработка и промена на моделот во привлекувањето на странските инвеститори, да се најде нов пософистициран начин кој ќе ги поттикне инвеститорите,  новите додадени вредности кои ги создаваат во државата, тука и да останат.

На затворањето на самитот „Македонија 2025“ со поздравен говор се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека во овие тешки времиња успехот на македонската економија ќе зависи не само од надворешните фактори врз кои не може да влијаеме, туку пред сè од посветеноста на внатрешните реформи.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ