НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО ОГРОМЕН ЕНТУЗИЈАЗАМ И РАБОТА ВО ТРИ СМЕНИ ВРЕДНИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА БЕТОНИРА ПРЕТПОСЛЕДНАТА ПЛОЧА И ЈА ИЗВИШИ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ НА ВИСOЧИНА ОД 54 МЕТРИ

СО ОГРОМЕН ЕНТУЗИЈАЗАМ И РАБОТА ВО ТРИ СМЕНИ ВРЕДНИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА БЕТОНИРА ПРЕТПОСЛЕДНАТА ПЛОЧА И ЈА ИЗВИШИ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ НА ВИСOЧИНА ОД 54 МЕТРИ

Со посветена работа од 21 час, непрекинато, во три смени, вредниот тим на Адора инженеринг до доцна во ноќните часови ја бетонираше претпоследна плоча на 17-то ниво над земја, со што атрактивниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје се извиши на 54 метри висина. Работејќи со особена внимателност за безбедноста на работниците и висококвалитетна изведба на објектот, високостручниот тим на компанијата предводен од главниот инженер Стефан Орачески, искусните инженери Радослав Сименов, Блаже Манаилов и Ристе Ефтимов, под будното око на генералниот менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за помалку од едно деноноќие изгради армирано-бетонска плоча со вкупна површина од 2.000 м², во која се вградени 500 м³ бетон МБ 40 и 80 тони арматура, што е гаранција за цврста градба со висока асеизмичка стабилност. Со поставената плоча на 17-то ниво на висинска кота од 54 метри, маркантниот препознатлив објект Адора Flatiron Скопје се наближува кон највисоката точка од 58 метри, за што преостанува да се бетонира последната плоча и да се изгради покривот на објектот. Овој нов урбан симбол во централната зона на Скопје, на само 1 км оддалеченост од главниот плоштад Македонија, како објект на 21 ниво, е еден од ретките во Скопје со три нивоа под земја со 394 паркиралишта, приземје и мезанин со ексклузивни деловни простории и 16 ката со елитни станови и луксузни пентхаус станови со прекрасен поглед на македонската метропола. Менаџментот на Адора инженеринг им честита на сите вработени во компанијата и особено на вредниот оперативен градежен тим и вредните мајстори, што со огромен ентузијазам, професионализам и посветена работа, во рекордно време од 21 час, ја изгради претпоследната плоча на објектот Адора Falatiron Скопје, што е круна на 14 годишното работење на овој потврден градежен бренд. P1060592 (2) P1060556 (2) P1060573 (2) za web (2) Adora Flatiron Skopje denski render

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ