НОВОСТИ

НОВОСТИ

ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ СО НАПАГ ЌЕ ДОДЕЛИ 10 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА СЕРТИФИЦИРАНАТА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ СО НАПАГ ЌЕ ДОДЕЛИ 10 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА СЕРТИФИЦИРАНАТА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во соработка со Асоцијацијата на Престижни Академски Граѓани ( НАПАГ ), распиша оглас за доделување стипендии на десет најдобри студенти на сите факултети во Македонија, за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни бизнис вештини Академија Адора инженеринг. Пријавите за стипендиите треба до 15-ти април 2015-та година да се доставуваат во Националната асоцијација на престижни академски граѓани ( НАПАГ ), електронски на napag@napag.mk или со јавување на телефонот 071 259 345, со оставање податоци за апликантите. На огласот може да учествуваат студенти кои имаат комплетирано најмалку една година од прв циклус студии на било кој факултет во Македонија, со просек на оценки над 8.50, според условите предвидени со огласот.  Академијата што се состои од 8 модули со обуки за 29 алатки, ќе ја реализира тим експерти по англиска методологија. Целта на стипендиите е да се помогне личниот развој на 10 најуспешни студенти во Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на првата и единствена сертифицирана тримесечна Академија Адора инженеринг, за надградување на нивниот потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21-виот век, кои се барани од работодавачите. Процесот на селекција на апликантите ќе го изврши НАПАГ, селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе бидат избрани стипендистите кои ќе учествуваат на академијата што ќе започне во април годинава. Доделувањето на стипендиите за 10 најуспешни студенти е во рамките на активностите на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за поддршка на унапредувањето на образованието, науката, спортот, културата, уметноста и заедницата во целина. stipendii

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ